Достапни линкови

Почнуваат Олимписките игри


Олимписките игри можеби не генерираат толку страст како некои други меѓународни спортски настани, Светскиот фудбалски куп на пример, но се сигурно најраширена во смисла на дисциплините спортска манифестација. Во Атина, имено ке се натпреваруваат 16 илјади спортисти од 201 држава во светот во речиси сите постоечки спортови од фудбалот, кошарката, до волејболот или синхронизираното пливање. За некои спортови олимписките игри се врвот, за некои други не преставуваат толку значаен настан, вели ветеранот Чешкиот спортски новинар Франтишек Боутс.

Знаете, во некои дисциплини Олимписките игри се врвот на спортот. Но во некои други, како фудбалот или кошарката, игрите се повеќе расадник за таленти. Дефинитивно, за овие спортови Олумписките игри не се најголем настан.

И додека најдобрите свестки фудбалери и кошаркари најверојатно нема да бидат присутни во Атина, за помалку проминентните спортски дисциплини или за помалите земји кои се надвор од светската класа, добиената медаља на олимпијадата е животен сон и престиж. И додека некои спортисти се подготвуваат, се молат се да биде во ред, да нема повреди кои би им ги поматиле надежите, Белоруските спортисти ја добија пораката од нивниот претседател автократот Александар Лукашенко. Тој побара тие да донесат дома 25 медаљи, односно да бидат повеќе од 17 – те освоени на игрите во Сиднеј 2000. Меѓутоа, Андреј Казак вели дека станува збор за погрешно пренесена порака.

Не, тој ни посака среќа, љубов и здравје.

Овие олимписки игри се карактеризираат и по огромните безбедносни мерки што се преземаат поради терористичката закана. Грција одвои милијарда и 500 милиони долари за безбедноста за да не се повтори Минхен 1972 кога палестински терористи убија 11 израелски спортисти. Нато ги распореди системите Патриот, анти-хемиски воени експерти, подморници, авиони и друга опрема за 70 илјадната воена и полициска сила која ќе го контролира небото, водата и земјата во Грција за време на Летните Олимписки игри.
XS
SM
MD
LG