Достапни линкови

Нема опасност од дестабилизација на Македонија


Нема опасност од дестабилизација на земјава, не се забележани никакви вооружени групи, незадоволството кое се изразува не е спорно, но не треба да се заборави дека пакетот закони за децентрализација треба да бидат усвоени. Вака сумирано гласи проценката на состојбите во земјава дадена од страна на претставниците на меѓународните мисии. Во таа смисла и конкренто ОБСЕ соопштува:

„Освен некои спорадични инциденти состојабата е веќе извесно време стабилна и ние очекуваме таква и да остане“.

вели портпаролот максим Филандров. Слично проценува и шефот на полициската миссија Проксима Барт Дуг тој вели:

„Нема никакви идниции кои би упатувале на можност од влошување на безбедносната ситуација“.

Ваква проценка доаѓа и од канцеларијата на специјалниот европски претставник Мајк Салин. Заменик портпаролот Бен Кремтон вели:

„Имаше демонстрации и постои силно изразено спротивставување но не мислиме дека тоа представува сериозна закана за стабилноста или за можно насилство во земјава“,

Од Обсе велат дека Информациите за постоење вооружени групи присутни во медиумите се шпекулации кои немаат потврда на теренот:

„Како што знаете ние ја набљудуваме ситуацијата во селата, во поранешните кризни региони и планините и никакви вооружени групи не се забележани“

вели Филандров

Не пропуштајќи да потсетат на важноста од усвојување на законите за децентрализација странските претставници посочуваат:

„Слободно изразување на политичките ставови и мислења се добредојдени во демократските општества, но важно е тие да не го загрозат јавниот мир и безбедност“

вели преттсавникот на Обсе. Слична порака и од Европската Унија

„Работа на опозицијата е да се спротивставува на предлозите на владата но само во рамките на законот. Таква рамка дава токму парламентарната дебата. Оттаму ниту дебатата за децентрализацијата, ниту локалните избори во ноември ниту имплемнтацијата на законите во јануари не би смееле да бидат извор на нестабилност“

вели Кремптон.
XS
SM
MD
LG