Достапни линкови

Еден дел од владата интензивно да работи само врз економските проблеми


Дневно политичките процеси во државава, постојано го одолговлекуваат решавањето на суштинските прашања за граѓаните,односно економските проблеми. Најавите дека тековната година ке биде година на економски план, не отсуствуваат во обракањата на политичките претставници, но битните политички настани, како
вонредните претседателски избори, или пак сега процесот на децентрализација, се чини го одземаат времето за концентрирање и конечно решавање на конкретните проблеми во економијата. Економските експерти велат дека овие процеси колку и да се битни мора да се завршат што побрзо.

„од една страна е точно дека тие политички процеси мора што побрзо да се завршат, затоа што во нејасна и недефинирана ситуација, економските реформи не можат да бидат добро спроведени и не можат да имаат целосен ефект. Од друга страна, ако многу долго се држи таа тензија на политичките процеси и ако заради тоа се одложуваат економските реформи, тогаѓ се постигнуваат спротивни ефекти. Решението е тие што побрзо да завршат, за да може потоа да се решаваат економските прашања“

објаснува економскиот експерт Ванчо Узунов.

Во меѓувреме, губитокот и цената која на економски план ја плака државава е огромна, а последиците веке се гледаат во јавноста, вели професор
Узунов.

„Сите ние сме свесни за огромниот пад на индустриското производство и на БДП. Еве, и да не е толкав колкав што го кажуваат, сепак, не станува збор за раст. Друго, одложувањето на реформите претставува трошок. Економијата во меѓувреме губи“

Оние најпогодените, граганите, ситуацијата на економски план со еден збор ја оценуваат како тешка, но надежта дека животот во Македонија конечно ќе се
подобри сеуште не ги напушта.

„Ништо, катастрофа. Сите претпријатија ги затворија. Тие не можат ништо да направат“
„Не знам, многу е тешка ситуацијава. Навистина е тешка. Но, мислам дека ќе се поправи“
„Ми се чини дека ситуацијата е повеќе искомпликувана од политичките партии. Си ставаме допки еден на друг“
„Треба да се работи. Треба да се направи. Јас го чувствувам тоа, сите ние чувствуваме дека треба нешто да се направи“


Решението според еконмските експерти е едноставно

„владата настрана од политичките прашања, еден дел од владата да се занимава само со економските реформи“

изјавува професор Ванчо Узунов.
XS
SM
MD
LG