„За ниту еден Македонец во светот 2-ри август не е датум во календарот, туку место во срцето. Тоа се сите македонски мечти и соништа за слободна и независна татковина, собрани со векови наназад како еден ден, симбол ден – Илинден“ – се обрати претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски на неколку илјади присутни граѓани во новоизградениот Меморијален центар во кумановското село Пелинце, кои пристигнаа од целата држава да ја чевствуваат 60-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ.
„Денес, на ден Илинден 2004, ја искажуваме почитта кон сопствената историја. Но, почитта кон историјата е и одговорност пред иднината. И оваа наша денешна генерација треба да го понесе својот дел од историското бреме, да се соочи со својот дел од одговорноста“
Осврнувајќи се на обврската за наоѓање вистински одговори, Црвенковски потсети на дилемите пред кои нашата држава е исправена. Но, Македонија нема да биде стабилна и демократска држава, ако не е држава на еднаквост и рамноправност, ако сите нејзини граѓани не ја чувствуваат подеднакво своја и нема да биде просперитетна ако не е држава на заедништво и внатрешна кохезија. Затоа, не делби туку единство, не омраза туку соживот.
„Вп Меморијалниот центар во Пелинце цвеќе положија претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, премиерот Хари Костов, министерот за одбрана Владо Бучковски, првиот претседател Киро Глигоров, претставници од Сојузот на борците и други. На чевствувањето присуствуваше и српско-црногорската делегација предводена од премиерот Воислав Коштуница.
А по разговорите во Прохор Пчињски, кога Црвенковски положи венец свежо цвеќе, во непосредна близина на манастирската чешма каде што беше поставена и спомен-плочата, тој рече:
„На овој начин оддаваме почит кон сопственото минато, меѓутоа јас се надевам дека она што го направивме денес е влог во добрата соработка и пријателство меѓу нашите две држави, помеѓу нашите два народа“