Достапни линкови

Во експлозија на автомобил бомба во ирачкиот град Бакуба


Најмалку 51 лице загинало, а 40 се ранети во експлозија на автомобил бомба пред полициска станица во Бакуба ирачки град северно од Багдад, соопштија ирачки болнички извори и американските сили. Според ирачката полиција станува збор за бомбаш самоубиец. Преде полициската станица имало регрути за полициските сили.


„Имавме регрути, ги регистриравме имињата кога се случи бомбата. Тоа беше минибус Тојота.“

изјави еден од ирачките полицајци. Во Бакуба живее мешана популација на сунитски и шиитски муслимани и во изминатава година имаше повеќе напади со автомобили бомби. Цели беа ирачките полицајци и националната гарда кои од милитантите се обвинети за соработка со коалиционите сили предводени од американците. Овој инцидент се случува пред националната конференција планирана за Багдад кога илјада делегати треба да изберат 100 член Национален Совет.
XS
SM
MD
LG