Достапни линкови

Џон Кери и формално треба да ја прифати номинацијата за претседателски кандидат


Во Бостон продолжува националната конвенција на опозиционите демократи на која и формално сенаторот Џон Кери треба да ја прифати номинацијата за претседателски кандидат – противник на актуелниот претседател Џорџ Буш.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, вчера зборувајќи на конвенцијата во Бостон ги обвини републиканците на Џорџ Буш дека на меѓународен план ја изолирале Америка нагласувајќи дека демократите на чело со сенаторот Џон Кери ќе ги вратат Соединетите Држави на старите води.

„Ние треба да избереме капетан на нашиот брод, кој е храбар човек и кој знае да весла низ немирни води за да не донесе до мирно море и ведро небо. Тоа е нашата мисија. Заедно да и кажеме на Америка со јасен глас, испратете го Џон Кери.“

На конвенцијата во Бостон зборуваа и потпретседателот на Клинтон, Ал Гор и поранешниот претседател Џими Картер. Сенаторот Џон Кери кој во четврток во Бостон треба и официјално да ја прифати номинацијата вчера во рамките на партиската кампања зборуваше во Кејп Канаверал Флорида. Во врска со надворешната политика, претседателскиот кандидат Кери изјави дека политиката на Буш придонесла како никогаш во последните 35 години Америка да биде не респектирана, а патувањето на американците по светот да биде ризик:

„Јас сакам да и го вратам местото на Америка како светилник во светот во кој ние бевме почитувани, во кој имавме влијание во светот, кој ќе застане зад нас како што тоа го направи на 11 септември.“
XS
SM
MD
LG