Достапни линкови

Градот сеуште го бара својот идентитет


Скопје како модерен, урбан или град која ја загуби својата душа. Во оваа дилема веќе 40 години, градот го бара својот идентитет. Според познавачите на историското и архитектонското минато, иако денес европски град, Скопје во последните 10 години речиси ништо неправи да го зачува и потврди својот богат и автентичен имиџ. Најстариот дел од градот, чаршијата, саат кулата... се само некои примери загрозени од современи стаклени дивоградби кои сериозно атакуваат на сликата на градот. Еден скопјанец се согласува со она што веќе е редовен коментар на урбанистите, архитектите, археолозите. Во Скопје владее урбан хаос, се гради без план и визија за она што сака да се постигне како конечен изглед на главниот град на Македонија:

„Скопје е хаос во поглед на изградбата. Се гради без план, што мислам дека е лошо, а Старата чаршија треба да остане во овие рамки, меѓутоа и таму гледам се прави без план, се руши... без оглед на тоа што сега има многу поубави згради или куќи, но тогашната, она што се вели душата еснафска ја нема веќе. Ако сакаме Скопје да го познаваме како порано, треба да се задржат некои белези и секако треба да се гради, но не секаде.“

Но, Скопје сепак во овие 40 години по земјотресот, прерасна во модерен, современ град и оттаму еден 80 годишен скопјанец потсетува:

„Земјотресот направи големо зло, повеќе од илјада жртви имавме. Меѓутоа после земјотресот, Скопје е многу помодерно изградено, многу поубаво изградено и скопјани сега имаат многу подобри услови за живот.“
XS
SM
MD
LG