Достапни линкови

Договорот за децентрализација е во духот на Рамковниот договор


Од трагичната смрт на Претседателот Трајковски само неколку недели по моето доаѓање до денес, Македонија се соочи со многу предизвици и промени, а последната е договорот на коалицијата за пакетот закони за децентрализација, оцени евродипломатот Сорен Јенсен Петерсен на последната прес конференција пред неговото утрешно напуштање на функцијата.

„Моето мислење е дека во изминатите шест месеци, Македонија успешно одговори на сите овие сериозни предизвици. Сметам дека она што го направи Македонија претставува инспирација за целиот регион.“

вели Петерсен. Тој договорот за децентрализација го оценува како историски:

„Тој според мене е во духот на Рамковниот договор.“

Сметајќи дека неговиот наследник Михаил Солин, ќе има исто така доста работа во Македонија, Петерсен оценува дека клучно прашање во моментов е широк политички консензус за прашања од интерес на сите граѓани, оттаму и неговите очекувања за дебата во Парламентот во која опозицијата ќе покаже одговорност за почитување на роковите за усвојување на законите за децентрализација за локалните избори да можат да бидат одржани во предвидениот термин:

„Беше загубено доста време поради објективни причини, меѓутоа тоа не беше ничија вина. Но, секое понатамошно доцнење ќе значи доцнење и со примената на децентрализацијата што ќе значи всушност и одложување на подобрувањето на економската состојба.“

Во таа насока Соренсен порачува:

„Ќе има проблеми, ќе има нови тешкотии меѓутоа сметам дека Македонија денес е една зрела, стабилна земја која што јасно го има зацртано својот пат кон Европската Унија.“
XS
SM
MD
LG