Достапни линкови

Опозицијата најавува протести, меѓународниот фактор ја поздравува одлуката


Опозицијата во земјава со сите можни средства ќе се обиде да го спречи донесувањето на пакетот закони за децентрализација, односно законот за новата територијална поделба. Од денеска почнуваат секојдневнте блокади на институциите и патиштата во Струга. Се протестира и во Кичево, а се најавуваат протести и во главниот град. Кризниот штаб во Струга, на чело со градоначалникот Ромео Деребан реши да се објави граѓанска непослушност:

„Со неплаќање струја, неотповикување на поканите за служење војска и неотповикување на поканите за суд. Веќе од понеделник од 21 часот во Струга ќе почнат да се одржуваат струшки вечери на отпорот.”

Блокот опозициски партии на отпорот, како што се нарекуваат, исто така од денеска почнува со мерките за спречување на новата територијална поделба на земјата:

„ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе организира блокада кај Кичево, исто така утре ќе има масовни протести во Струга, а исто така денеска, кај комплексот банки ќе биде собран поголем број возила коишто понатаму ќе кружат по улиците на Скопје подготвувајќи ја атмосферата и повикувајќи ги граѓаните масовно да излезат од понеделник натаму на протести во Скопје. Протести меѓу другото ќе има и пред седиштето на СДСМ,”

изјави портпаролот на ВМРО-ДПМЕ Влатко Ѓорчев.

Лидерот на ДА, Васил Тупурковски најавува иницијатива за одржување референдум:

„Ќе дадеме иницијатива во парламентот за собирање 25 потписи на парламентарците за распишување на референдум, според законот и уставот. Ќе ја поддржиме иницијативата за 150,00 гласови, ќе го блокираме парламентот. Нашиот став не е анти-албански, нашиот став не е националистички, тој е граѓански и го брани правото на граѓанките кога сакаат демократски да се изразуваат и да ги одбранат своите интереси.”

Додека Зоран Витанов од СП, иако е свесен дека е против законски, вели дека ако треба и физички ќе се обидат да ги спречат пратениците да ја донесат новата територијална поделба:

„Не е исклучена дури ни физичка блокада од страна на народот на пратениците во парламентот, да не успеат тоа да го дозволат. Можеби на прв поглед тоа е незаконски, но нема ништо понезаконско од предавство на државата. Државникот сам себе се прогласи за државник, меѓутоа народот ќе го прогласи за предавник, а тоа што народот ќе го каже, тоа е вистината.”
XS
SM
MD
LG