Достапни линкови

Министерствата за економија и финансии, поделени околу можното намалување на царините


Во Македонија е возможно да увезете готов производ и за него да не платите царина, а доколку увезете суровина за да го произведете тој производ ќе бидете оптоварени со просечна царинска стапка од 11,2% или македонските производители, плаќаат царина за увоз на 393 видови суровини и репроматеријали кој воопшто не се произведуваат во Македонија.

„Неразбирливо е да се штити нешто, што всушност не е произведено во Македонија.“

вели Глигорие Гоговски директор на Тетекс.
И Министерствата за економија и финансии, се поделени во ставот дали е оправдано намалувањето на царините на суровините. Од Министерството за финансии тврдат, доколку се намалат царините ќе се јави дупка во буџетот од 4 милиони евра. Анализите на Министерство за економија велат, намалувањето на царината на суровините ќе резултира со раст на економијата.

„Предвидено е просечното царинско оптоварување на тие 393 тарифни броеви, да се намали од 11,2 на 4,5%. Како резултат на тоа намалување ќе дојде до зголемување на обемот на индустриско производство на годишно ниво за 7% и притоа ваквото намалување ќе предизвика раст на ДДВ во целата економија за околу 4 отсто.“

е ставот на Гоце Пачемски портпарол на Министерството за економија. Точно е дека доколку се намалат царините на суровините приливите во државната каса ќе се намалат по тој основ, но ќе се зголемат по основ на ДДВ и платени придонеси, тврдат бизнисмените.

„Поголемото производство ќе даде поголеми приходи во буџетот, отколку што ќе се изгубат на страната на репроматеријалите. Мислам дека најнесреќно решение е финансискиот дел на буџетот да се решава преку тоа што ќе ги зголемиме или ќе ги држиме високи царинските давачки.“

вели Савка Димитрова, директор на Европа. Намалувањето на царините на овие суровини кој учествуваат со 60% во вкупната индустрија ќе значи поголема конкурентност пред се во цената на крајниот производ, а тоа пак автоматски ќе резултира со зголемен извоз, позитивните ефекти ќе ги почуствуваат и државата и бизнисмените.

„Царините треба да се намалат, или да се сведат на минимум, за да се постигне поголемо производство.“

потенцира Гоговски.
Од досегашната политика да се оцаринуваат суровни кои не се произведуваат во државата, индиректно се засегнати 65% од вработените кои работат во индустријата или директно се погодени хемиската, текстилната и кожарската индустрија, чевларската, металопреработувачката, неметалната, прехрамбената, производството на мебел.
XS
SM
MD
LG