Достапни линкови

Експертите на ОН се обидуваат да го поттикнат процесот на реформи


Последниот предизвик на Косовското Собрание до властите на Обединетите Нации со промената на уставната рамка и можноста за референдум за независност, која УНМИК не ја признава, доаѓа во време кога експертите на Светската организација бараат поефективни начини за пренос на власта на локалните институции предводени од мнозинството етнички Албанци. Обединетите Нации имено се обидуваат да го потикнат процесот на имплементација на реформите во покраината.

До крајот на овој месец специјалниот преставник на Обединетите Нации, норвешкиот дипломат Каи Еиде треба да му реферира на генералниот секретар Кофи Анан за својата мисија на Косово во минатиот месец. Еиде ги истражуваше мартовските насилства на Косово и треба да препорача мерки за подобрување на коегзистенцијата меѓу албанците и србите во покраината. Неговите препораки, би можеле да водат кон формална акција на Советот за Безбедност за предавање на власта на косовските институции. Меѓутоа, официјални лица на Светската Организација не очекуваат фундаментални промени во реформскиот процес во кој се повикува на подобрување на третманот на малцинствата пред финалниот статус на Косово. Ве де шефот на косовската администрација Чарлс Брејшоу во четвртокот оцени дека уставните амандмани донесени од косовското собрание за референдум за независност се надвор од овластувањата и губење енергија и време пред реформите потребни да се исполнат до средината на 2005 година кога ке се отвори ова прашање. Според Вилијам Неш поранешен регионален администратор на Обединетите Нации на Косово албанските власти се уште не покажале дека се способни за адекватно владеење со сите граѓани на Косово.

„Косовките албанци беа многу агресивни во туркањето на она што би се опишало како план за независност. И тоа е разбирливо. Но косовското раководство не успеа да обезбеди барана безбедност за сите граѓани на Косово, особено за малцинствата.“

Вилијам Неш исто така изјави дека и српските лидери оперирале како паралелни структури во покраината. Решението за успешен пренос на власта, според бившиот регионален администратор ке зависи одоодгооворноста на локалните лидери.
Неш нц 070902

„Мора да се побара одговорни лидери во косовското општество и меѓу албанците и меѓу србите. И точката од која треба да почнат е дека ако сакаат да имаат лидерска улога ке треба да прифатат дека имаат одговорност за сите граѓани, а не само за етничката група на која и припаѓаат.“

Актуелниот преседавач на Советот за безбедност на Обединетите Нации романскиот амбасадор Минеа Моток, , како што изјави за Радио Слободна Европа ја подржува политиката стандарди пред статус.
XS
SM
MD
LG