Достапни линкови

Денеска завршуваат тридневните блокади на сообраќајниците низ Македонија


Додека опозицијата незадоволна од пакетот закони за децентрализација организира сообраќајни блокади низ државата, во СДСМ изразуваат задоволство од можното придвижување кон решение:

„Дефинитивно јас сум убеден дека имаме мал ичекор напред, придвижување на спротивставените позиции кои беа забетонирани во последните четири недели, а тоа е употребата на јазиците и повторното разгледување на територијалната организација на Кичево и Струга.“

Спротивно на оптимизмот на Министерот за одбрана Владо Бучковски, е расположението во ДУИ од разговорите со нивниот коалициски партнер:

„Досега не е постигнат некој договор, не се усогласени ставовите, нема промена на ставот на партијата по прашањата за Скопје, Кичево и Струга, до овој момент нема ништо конкретно.“

вели портпаролот на ДУИ, Ермира Мехмети.
Во меѓувреме во знак на незадоволство од решенијата што се предвидуваат со новата територијална поделба, опозицијата на протести. Со денешните блокади ВМРО ДПМНЕ ги завршува тридневните протести. Портпаролот на партијата, Влатко Ѓорчев за синоќешниот тек на блокадите изјави:

„Успешно беа организирани околу 10-тина блокади, но од друга страна повторно имаше употреба на сила од страна на полицијата, особено во Охрид каде што повторно имаше тепање од страна на полицијата, исто и во Дојран повеќе луѓе биле удрени... Но ние ќе продолжиме со ова затоа што знаеме дека сме во право.“

Портпаролот на МВР Горан Павловски, потврди само еден од инцидентите:

„Кај селото Подмоље, десет лица кои беа дел од групата што протестираше ги нападнаа полицајците што вршеа обезбедување. Притоа повреден бил еден полициски началник. Во СВР Охрид, биле приведени пет лица кои уште синоќа биле пуштени, но против некој од нив најавено е поднесување кривични пријави. Дел од оние што протестираа потоа се упатиле и кон СВР Охрид, но околу 22 часот си заминале. На другите места каде што се одржуваа протестите немаше нарушувања на јавниот ред и мир.“

За таквите изрази на незадоволство на опозицијата пак, Министерот за одбрана Владо Бучковски кусо коментираше дека тие се демократски, но релативни:

„Тоа се ми заличува како на народната „После свадба тапани“.
XS
SM
MD
LG