Достапни линкови

Последиците допрва ќе се чувствуваат


На економските експерти не им е јасно како Владата може да не верува во резултатите кој го објавува заводот за статистика, а кои велат македонската економија веќе шест месеци се наоѓа во тешка рецесија. Фундаменатлните макроекономски параметри за овој период континуирано бележат пад:


„Овој пад на БДП не може да се објасни со нешто што е вонредна ситуација,“

е ставот на професорката од економскиот факултет Наталија Николовска. Падот на бруто домашниот броизвод за 3.6% ,е очекувана последица на лошото водење на макроекономската политика:

„Тој пад произлегува од падот на она што е констатирано веќе поодамна, индустриското производство, а падот на индустриското производство е последица на губењето на конкурентноста.“

А падот на индустриското производство, е повеќе од очекувано со оглед на фактот што во Макеоднија 80% од индустриските капацитети воопшто не ни работат:

„Речиси целата македонска индустрија ги содржи перформансите на стечај, можеме да зборуваме за стечај на целокупниот индустриски систем во Македонија.“

Ситуацијата во македонската економијата еднаш мораше да пукне, влечењето на површни решенија по правило не ги дваат очекуваните резултати е ставот на Николовска:

„Козметички се прикриваше во еден период со различни видови шпекулативни и краткорочни извори на финансирање, дали биде кредити, донации, дали продажба на Телеком.“

Запоставувањето на домашните инвестици е само дел од прикаската наречена водење на лоша макроекономска политика:

„Можете да имате странски директни инвестиции, ама не треба да биде запоставен внатрешниот сектор, односно домашното производство, а кај нас тоа е апсолутно запоставено.“

А посебен проблем е што и најавените странски инвестиции не се реализира во предвидениот период:

„Којшто треба да ја пополнат празнината, односно неспособноста на внатрешниот сектор да го носи растот.“

И на крајот, негативните последици од падот на бруто домашниот производ допрва ќе се почуствуваат:

„Ќе има се помалку пари за здравство, образование, социјала, односно во сите сфери.“

е ставот на професорката од економскиот факултет Наталија Николовска.
XS
SM
MD
LG