Достапни линкови

Отпадот може да биде корисен


И отпадот е корисен, ниту еден отпад, со неговото настануавање, не губи од вредноста, доколку правилно биде искористен. Во многу земји од светот тој е главен извор на енергија, а неговите суровини може да се користат и во производтсвениот процес. Токму потенцијалот што го нуди отпадот е следниот проект што започна да се реализира во Министерството за животна средина, во соработка со неколку партнери, под мотото, „Редуцирај, реупотреби и рециклирај.“

„Како би можеле да се намали отпадот, еден од најгорките проблеми во нашата држава, како може да се селектира отпадот, преку поставување на сепаратни контејнери, за пластика, лименки и останат отпад,“

вели Сашо Секуловски од Министеството за животна средина. Придобивките што во светот одамна се чувствуваат, кај нас ќе реши едно болно прашњање, односно, ќе стимулира отворање на нови работни места:

„Со отворање погони за рециклирање се отвораат нови работни места, значи со рециклирање на лименки, пластика и економскиот ефект е поголем.“

Паралелно со кампањата во „Комунална хигиена“ претпријатие што е вклучено во проектот веќе се започнати истражувања за тоа каков е составот на отпадот на подрачјето на Скопје и на кој начин тој ќе може да се искористи:

„Голем дел од тие супстанци ќе може да се вратат во производството. Тоа е долг процес, но на крај корисен, затоа што индустријата ќе може да ги користи овие секундарни суровини, а од друга страна, овие секундарни суровини нема да завршуваат на депонијата, а нивниот временски процес на распаѓање е многу долг,“

изјавува Илија Костов, директор на „Комунална Хигиена“.
XS
SM
MD
LG