Достапни линкови

Економската состојба и последиците од конфликтот главна причина


Загрижува појавата на криминал со елементи на насилство кое последно време зазема се поголем замав во Македонија пред се во главниот град Скопје. Според експертите ни во поствоениот период во земјава немало толкав број на криминални случаии проследено со насилство како што е сега. Се потешката економска состојба во земјава е една од причините за вакавата појава смета екс министерот за внатрешни Работи Павле Трајанов:

„Република Македонија се наоѓа во економска рецесија, и во таква состојва се зголемуваат сите негативни појави, криминал, корупција, зголемување на насилство. Сигурно дека има соодветно влијание пост конфликтниот период, на зголемувањето на криминалот. Исто така, влијание има и тоа што владата подолг период нема ефективна контрола на целата територија на државата. Оперативните служби не функционираат во деловите каде што имаме етнички мешан состав во државата, дали е тоа Чаир, Бутел, кумановско, тетовско.“

Премиерот Хари Костов останува на ставот дека полицијата ефикасно се справува со криминалните банди во земјава:

„Вие можете да бидете незадоволни и да ја критикувате МВР итн, не е само Скопје таков град во којшто се случуваат одредени криминални активности. МВР успеа една од таквите банди, независно што настана по пукањето, да ја открие, да најде докази, да поднесе кривични пријави и да се определи притвор за тие дела.“

Поврзаноста политичките партии на власт со подземјето е главната пречка за целосното справување со криминалните групи е ставот на екс министерот Павле Трајанов:

„Има спрега на подземјето со владеачките структури во партиите, тие се чувствуваат безбедни, сигурни и може слободно да дејствуваат.“

МВР мора ефикасно да дејствуваа и не смее да има селективен приод вели Трајанов:

„Независно кој е вклучен во овие криминални активност, дали е тој заслужен борец за „демократија“, дали бил вклучен во некои паравеони структури претходно, дали е член на ДУИ, СДСМ, ЛДП или друга партија, треба мерките да бидат ефикасни спрема сите нив, ако сакаме барем да го намалиме криминалот во Република Македонија.“
XS
SM
MD
LG