Достапни линкови

Владата може да делува на зголемување на извозот и намалување на увозот


Трговскиот дефицит во Македонија е болка што трае во текот на целиот 10 годишен транзиционен период. Тоа велат надлежните, ќе продолжи и во следните неколку години, се додека македонската економија структурно не се промени кон отворена пазарна економија односно да премине од досегашно увозно зависна кон извозно ориентирана. Според податоците, годинава обемот на стоковата размена на Република Македонија изнесува 1, 3 милијарди долари, при што извозот учествува со само 36 % а увозот со дури 64 насто. Од тие причини салдото на покриеноста на увозот со извозот е негативно. И тогаш кога државава извезува, станува збор за нецелосно домашни продукти, поради што цената на производите кои ги извезуваме на странскиот пазар е неконкурентна.

„Пример, сега за да произведеме едно шише вино, ја увезуваме амбалажата, ја увезуваме тапата, увезуваме машини опрема за преработка на грозје,увезуваме дури и буриња... Значи што останува, само грозје не увезуваме. Ние многу малку даваме во тој производ и затоа тој станува неконкурентен, бидејки 70% од шишето вино ние мораме да ја увеземе и скапо да ја платиме,“

изјавува Гоце Пачемски од Министерството за економија.

На почетокот од листата на производите кои државава ги увезува, се нафтата, пченицата, лековите, електричната енергија, разни типови моторни средства и друго. За зголемување на извозот пак, односно намалувањето на тргофскиот дефицит, експертите предлагаат неколку решенија:

„Владата може да делува на увозот и на извозот. На извозот може да влијае со потесни и со пошироки мерки. Пошироки мерки би биле, институционална подршка на извозниците. Да речеме тука се банки за подршка на извозот, па разни агенции владини, трговски претставништва... Потесни мерки се владата да си ја разгледа малку монтерната политика и фиксниот девизен курс. Друга работа се недостатокот странски инвестиции кои во себе содржат ,,грин инвестмент,, односно извозна политика.“

Изјавува Маријан Николов од Центарот за економски анализи.

За стимулација на македонските претпријатија кон поголема извозната политика, министерството за економија, започна проект со кој им овозможува извозна промоција на светскиот пазар:

„50 насто од трошоците за рекламирање во странсво ги покриваме ние,“

вели Пачемски.
XS
SM
MD
LG