Достапни линкови

Идниот месец тендер за управување со приватните фондови


Владата загрижува во најкомплексната реформа досега пензиската, преку воведување на засдолжителното капитално осигурување. За таа цел во првата недела на јули ќе се распише меѓународен тендер, од кој до крајот на годината ќе треба да се одберат два оператори за управување со приватните пензиски фондови.кои со работа ќе стартуваат во јули наредната година. Изборот на операторите ќе го врши посебна комисија од повеќе владини институции, а целиот процес на покана на министерството за труд и социјала ќе го надгледува невладината „Транспаретност Македонија“.Наспроти стравувањата дека со воведување на приватните фондови ќе се загрози работата на државниот пензиски, министерот Манасиевски одговара дека сепак целта на реформата е да се спаси неговата функција во наредните 10-15 години:

„Поради неповолните демографски трендови, може да очкеуваме за 15-20 години, овој систем на тековно финансирано пензиско осигурување да доживее колапс.“

Екс директорот на пензискиот фонд Љупчо Мешков кој ја поздравува владината реформа и особено фактот што чувар на средствата на овие фоднови ќе биде Народната Банка сепак изразува резрева во однос на актуелниот економски момент:

„Се поставува прашањето како тоа во иднина финансиски ќе се одрази на државниот пензиски фонд.“

Министерот Манасиевски ветува ригорозна контрола на срдствата во прватните фондови, особено што тие пари собрани од осигурениците ќе се инвестираат во домашното стопанство, но напоменува дека најитно ќе треба да се доразвие и пазарот на хартии од вредност

„Најверојатно инвеститори тука ќе бидат странски компании, а не домашни. значи првите критериуми за влез се многу високо поставени, значи тука ќе добиеме институции со квалитет и искуство од други држави. Ние мора да го доразвиеме пазарот за хартии од вредност."

Инаку, од сегашната стпака на придонесот од 20 насто, осум насто по избор на осигурениците ќе оди во еден од приватните фондови. Ако во дадениот рок осигуреникот не го направи изборот за тоа ќе одлучи Агенцијата за супервизија.
XS
SM
MD
LG