Достапни линкови

Доближување на информациите за добивањето финансиска поддршка до претприемачите


Без развиени мали претпријатија, нема ниту силни големи компании, а со тоа ниту развој на економијата во земјава. Од тие причини македонската развојна фондација, заедно со неколку партнери започна проект чија главна цел е на македонските претприемачи да им ги доближи информациите околу начините за добивање на финансиска подршка, односно кредитни линии наменети за започнување на свој бизнис, како и бесплатни консултантски услуги и обука за почнување на нови бизниси.

„Целта на Македонија како држава е да го подобри искористуавњето на кредитите за мали и средни претпријатија за десет насто. Инаку, во самата презентација на поддршката вкупно се собрани информации за 14 кредитни линии,"

изјавува Сашо Клековски, од Македонската развојна фондација.

Заинтересираноста од страна на претприемачите во рамките на караванот кој се одвива низ целата државава, е огромна бидејки тие досега немаа соодветни
информации, околу можноста за искористување на кредитните линии.

„Она што кај нас доминира во распарвата се прашања поврзани со финансиите, воглавно со каматиите и обезбедувањето на кредитите. Тука се најголемите прашања што ги поставуваат претприемачите."

Во караванот е вклучено и надлежното Министерството за економија, чија задача е подобрување на бизнис климата во државава.

„Банките треба да најдат начин како да ги доближат тие служби до граќаните, па дури и самите да организираат вакви активности, а не да чекаат тоа да го прави државата. Претприемачите велат, дека нема кредити."

изјавува портпаролот на Министерството за економија Гоце Пачемски. Очекувањата се дека финансиската подршка, но пред се обуката на претприемачите, заедно со реформите во трговското законодавство, околу
олеснувањето на админситративната постапка, ќе ги мотивира претприемачите за создавање на нови бизниси.
XS
SM
MD
LG