Достапни линкови

Секојдневно соочување со проблеми


„Воопшто не е лесно да бидеш студент со хендикеп во нашата држава, да имаш огромна желба за учење а да немаш услови за тоа,“ ова се зборовите на апсолвентот со посебни потреби на Правниот Факултет Јове Мациновски кој ја споделува маката и зборува и во името на своите колеги со хендикеп, студенти на скопскиот Универзитет кои секојдневно се срекаваат со неадаптиран пристап до факултетските простории, огромни архитектонски пречки и немање посебни училници за овие лица:

„Освен рампа за поминување со колички на факултетот, нема направено други адаптации. Има неколку колеги со посебни потреби, студент со количка, студенти со потешкотии во движењето. Имаме сознанија дека на Филозофски факултет 90 насто не работи, на правен факултет лифтот го одржуваат.“

Говорејќи за потребите на лицата со хендикеп, освен својата Јове продолжува раскажувајки ја приказната за својот колега со оштетен вид, кој пак се соочува со еден друг проблем, немањето на литература преведена на Брајово писмо, или личен асистент што е практика во речиси сите европски земји, за да може да ги следи предавањата:

„Проблемот е што нема книги. Има роднина која што му помага околу учењето и го води на факултет.“

Во обид да им се спротивстават на проблемите и да ја подобрат ситуација, група ентузијасти студенти кои ги искусиле препреките во образвонаието како и дипломираните дефектолози, во текот на 2002 година го формираа Здружението на студенти со посебни образовни потреби кое е единствено во Македонија.

„Главен проблем се бариерите, односно архитектурата на факултетите за следење на наставата за студентите со хендикеп, пти што студентите се одлучуваат наместо редовно да студираат, да студираат вонредно, со што повотнро се оневозможува активно следење на воспитно образовниот процес.“

говори претседателката на Здружнието Даниела Стојановска.
XS
SM
MD
LG