Достапни линкови

Сорен Јесен Петерсен, специјален претставник на ЕУ во Македонија. Македонија бавно, но сигурно се оддалечува од конфликтот што можеше да ја разнебити


Македонската апликација влезе во процедура кога можеме да очекуваме прв конкретен сигнал дека земјава се смета за сериозен кандидат?

Прво Макеоднија ќе го добие прашалникот. Како што веќе знаеме, тој во Скопје ќе пристигне во септември, знаме дека ќе содржи три до четири илјади прашања.на кои македонската влада треба да одговори. Мислам дека на сите веќе им е јасно дека многу поважно е да се дадат добри отколку брзи одговори. Значи, предност има квалиетот, а не брзината. Тогаш може да има втора рудна, комисијата може да постави дополнителни прашања. така што мислам дека тука се работи за најмалку шест месеци од септември, некаде март април, мај идната година. И тогаш, кога ќе ги добие сите прашања комисијата треба да реши за следниот чекор, дали Македонија ќе биде поканета да започне постапка за станување кандидат или ќе биде потребно дополнително време. Мислам дека е невозможно да се каже точно тој следен чекор ќе се случи, но процесот е јасен.

Во врска со апликацијата да започнеме со темата која е неодминлива. Договарањата за пакетот закони за децентрализација. Дозволете едно хипотетично прашање. Што ако до договор не дојде, или работата се одолговлече повеќе од дозволеното, што ќе биде одговорот на Брисел?

Тоа навистина е хипотетичко прашање, затоа што едноставно не можам да замислам дека до договор нема да дојде. Така што одговорот на прашањето е хипотетичен, но можам да ви кажам дека последиците се многу јасни. Нема да може да бидат одржани локални избори ако претходно не помине законот за территоријална организација, значи ако не ги одредите границите на општините. Ако немате локални избори нема да има нова локална власт, децентрализацијата нема да започне што е големо назадување во имплементацијата на рамковниот договор. Во моментот кога Европската комисија ќе треба да го даде своето мислење за македонската апликација таа нема да може да не забележи дека најважниот, централниот дел не само на охридскиот договор туку и на македонската демократизација воопшто не е имплементиран. Мислам дека не треба многу фантазија да се знае каков совет тогаш ќе добие Македонија од комисијата за нејзините шанси за приближување кон Унијата. Тој нема да биде позитивен , тоа можам да ви кажам.

Во меѓувреме ние дебатираме околу децентрализацијата со искучително нагласен етнички дискурс. Постојано ни се вели дека децентралзиацијата не значи етничка делба на земјата, но преговорите се сведуваат кој ќе биде малцинство кој мнозинство со други зборови на борба за власт по етнички клуч?

Прво, да кажам дека не е необично што три години по прилично интензивен конфликт сеуште постои недоверба во намерите на другата страна. Не е необично во таква ситуација едната група да чувствува дека на некој начин е принудена да дава, а другата да мисли дека не добива доволно. Но, според мене сето тоа е дел од еден процес во кој постепено се оддалечувате од она што беше насилен конфликт до она што е демокраски дијалог. Значи минуваме низ период во кој страстите се палат, но се додека е тоа вербално се додека се разговара не е страшно. Откако овие прашања ќе бидат решени тогаш мислам дека Македонија ќе премине на следниот чекор. Точно е и јас мислам дека е жално што повеќето дискусии се сведуваат на прашањето кој ќе биде на власт. Тоа навистина е жално, но од друга страна не треба да се драматизира. Македонија бавно но сигурно се оддалечува од конфликтот што можеше да ја разнебити земјата. Тоа не се случи и јас мислам дека Македонија се движи кон уште поголема стабилност. и децентрализацијата би рекол е своевиден последен чекор и тест. Зрелоста што сите страни досега ја покажаа ме уверува дека се ќе биде во ред .

Делувате како да не сте изненадени од случувањата кои во еден момент сугерираат како работите да се вратија на почеток?

Не сум изненаден од разликите во ставовите. затоа што децентрализацијата отсекогаш се сметаше за наважен суштински дел од охридскиот договор. Со разговорите за неа вие всушност го допирате срцето на она што навистина значи договорот од Охрид.Во голем дел таа значи давање власт на оние што можеби порано ја немале. Таа воедно значи и давање многу поголема моќ на граѓаните. И очигледно е дека тоа оди проблематично, коалицијата изминативе денови имаше раговори што не беа баш лесни. И како што реков, јас не сум изненаден. Уверен сум дека до договор ќе се дојде прво затоа што оваа коалиција работи сега многу поефикасно отколку пред две години и второ затоа што ќе има дијалог и со опозицијата иако и тука сега е наизвесно поради случувањата во опозицијата. Значи ќе има проблеми. Но од друга страна мислам дека на сите им е јасно и на партиите во власта, парламентот, опозицијата дека овие закони за децентрализација мора да бидат усвоени, до средината на јули за да може да се одржат локални избори во октомври и процесот на децентрализацијата да започне со имплементирање на почетокот на јануари. Вака или онака тоа мора да се придвижи. верувам дека тоа на сите им е јасно. Но дали ќе има потешкотии да , дали е има потреба од компромис исто така да. И јас верувам дека во една демократска земја сите разбираат оти во преговори никогаш не можете да добиете точно она што го барате, морате да правите компромис. Не мислам дека е проблем фактот што клучните закони уште не влегоа во Собранието, проблем е доколку до 15 јули сите тие не бидат усвоени. Тогаш имаме проблем. Но до тогаш има доста време, јас не сум многу загрижен. Ова го имам видено и во други ситуации кога се доаѓа до некои круцијални аспекти тогаш се завземаат максималистички позиции за да се добие во преговорите , но на крајот се договарате и верувам дека и сега тоа ќе биде случај и оти резултатот на договорот ќе го задоволи мнозиството на населението и ќе добие поширока политичка подршка.

Очекувате ли опозицијата да ги подржи законите. Што ако гласа против дали тогаш можеме да говориме за политички консезус?

Јас само ќе кажам правото на опозицијата да гласа против владин предлог е дел на деморатскиот прцес. Она што е важно е да постои широк дијалог за суштинските прашања, за суштинските закони дури и пред тие да бидат презентирани во парламентот. Но на крајот на краиштата владата е таа која е обврзана да ги предложи законите и да, откако ќе бидат усвоени, обезбеди нивна имплементација. Значи не ме загрижува можноста опозицијата да гласа против законите, многу повеќе ме загрижува она што се случува во опозицијата каде нема дијалог за овие прашања. Тука доаѓаме до проблем кој е повеќе проблем на самата опозиција, отколку на владата. Го имате ВМРО чија што парламентарна група е поделена. Прашање е со кого да седнете и да дискутирате за овие закони. Јас сум убеден дека владата и претседателот би сакале да обезбедат широк дијалог за овие закони, но во пракса се поставува прашањето како тоа да го изведете. Политичкиот консезус подразбира активна и конструктивна опозиција која не мора да се согласува , но мора да биде дел од дијалогот.

Со оглед на тоа што се случува во ВМРО како ги вклучувате во дијалогот, со кого разговарате и дали очекувате наскоро дојде до разврска во таа партија?

Искрено не знам. Но, некако не очекувам дека тоа ќе се случи преку ноќ. Она што јас го знам е дека постои претседател на ВМРО и додека е така ние на некој начин соработуваме во дијалогот за кој претходно говоревме. Но, истовремено неговото внимание е насочено на друго место. Тој се обидува да ја одржи партијата, а очигледно постајат луѓе кои сакаат да ја поделат. Тоа се разбира и мене ми ја отежнува работата, со кого ќе разговарам, дали со претседателот Груевски или не. Не знам колку долго ова може да трае. Но, она што можам да кажам е дека ова не е во интерес на Македонија, за нејзината иднина бидејќи Македонија нема да може да напредува ако нема функционална влада и силна опозиција.

Какви се вашите очекувања од новиот премиер, од новиот претседател?

Очекувам од новата влада и новиот претседател да го испорачаат она што го најавија во своите експозеа. Тие беа мошне јасни. Целосна и навремена имплементација на рамковниот договор, членство во ЕУ и НАТО и за да се постигнат тие цели судски реформи, што е од суштинско значење, полициски реформи и придвижување на економијата. Напредок во овие сегменти за македонските граѓани да можат да видат подобрување во нивниот секојдневен живот. Бавно, но сигурно подобрување. Ете што очекувам. Да го исполнат тоа што го најавија. За среќа тука во Македонија, е демократиоја па ако тие тоа не го исполнат гласачите ќе им ја испратат пораката. Но, во овој момент јас навистина немам причини да не очекувам дека владата нема да го исполни ветеното.

Ги спомнавте изборите. Во јавноста можеби сега не толку интензивно но сепак постојат тези за предвремени општи избори. Што мислите вие?

Мислам дека по загубените три месеци, за претседателски избори поради трагедичната смрт на претседателот Трајковски, веќе нема време за губење. Секоја разговор за парламентарни избори според мене е диверзија , пренасочување на вниманието од темите на кои треба да биде фокусирано. А тоа е работа, тешка работа, имплементирање на неопходните реформи, усвојување на законите и нивно спроведување, завршување со децентрализацијата, одржување на демократски локални избори. Така што да се разговара за предвремени парламентарни избори е на некој начин обид да се скријат другите вистински потешкотии, затоа велам дека е диверзија. Постои влада, нека работи, парламентот исто така. Нема повеќе време за губење. Затоа искрено овие сугестии за парламентарни избори не ги сметам за полезни доколку на ум ја имате натамошната сатбилизација на земјата.
XS
SM
MD
LG