Достапни линкови

Семејството не ја врши контролната функција на своите деца


Генерален заклучок е дека бројот на малолетни деликвенти во државава е во пораст. Нај критична фаза е достигната минатата година кога според статистиката на Министерството за внатрешни работи официјално без црната бројка, биле регистрирани дури 4 032 малолетни делкивенти, кои „оперираат“ низ државава вршејки разни криминални дела. Според статистиката старосната граница на овие лица е над 12 години.

„Во текот на 2003 година, регистрирани се 2393 кривични дела извршени од малолетници и истите бележат благо зголемување од 13 проценти, во однос на 2002 година. Малолетниците во текот на 2003 година извршиле 1330 тешки кражби, 558 обични кражби, и 138 кривични дела, одземање моторно возило.“

потенцира портпаролот на Министерството за внатрешни работи Горан Павловски.

Во текот на оваа година пак, малолетните деликвенти загрижувачки манифестираат се поголема агресивнот и насилство, што резултира со извршување на ,„тешки кривични дела“ против животот и телото. Односно освен вообичаените кражби на автомобили и обични кражби, тие многу често ја напаѓаат жртвата, а во неколку регистрирани случаи ивршуваат и убиство.

„Последните години евидентно е учество на малолетници и во потешки кривични дела со елементи на насилство, како разбојништва, во текот на годината се регистрирани 60 вакви дела.”

Малолетничкиот криминалитет според експертите е индикатор за согледување на состојбите во едно општесво, крупните промени во општествениот живот во последниве години е причина за оваа бројка, вели професор Нелко Стојановски чии истражувања го потврдуваат загрижувачкиот степен на агресивност кај деликвентите што на крајот резултира и со убиства:

„Последните 15 години, транзициони, турбулентни во Македонија, имаа влијание на социјално раслојување, зголемена невработеност, осиромашување на населението, промени на внатрешна ориентација на младите итн и во овој кус период имаме пораст и а малолетничката деликвенција.”

Како поврзана алка, очекувано промените во општеството пак, се одразија на семејството кое имено претставува еден од најјаките контролни механизми во однос на зголемувањето или намалувањето на малолетничката деликвенција.

„Тоа не ја врши контролната функција на своите деца,”

потенцира професор Стојановски.
XS
SM
MD
LG