Достапни линкови

Политичарите не ги прашуваат експертите


Експертското мислење воопшто не се зема во предвид од надлечните институции и владеачките партии кога е во прашање процесот на децентрализација во земјава. Не знаеме кои експертѕиги консултира владата велат професорите од Институтот за географија при природно математѕичкиот факултет:

„Науката мора да ја претпочитаат политичарите. Максимално да бидат искористени стручните кадри, тие знаат да ја кажат вистината, а на политичарите е дали ќе ја упоребат во вистинска смисла, дали тие ќе ја презентираат веднаш како вистина или пак ќе ја подзадржат за себе и ќе чекаат од политички причини за подоцна тоа да го прават, но во светот практиката е таква, стручњаците го разработуваат проблемот, го пласираат пред политичарите за тие да може да донесат соодветни повалидни одлуки,”

изјави професор доктор Благоја Маркоски од Институтот за географија. Иако беше ветувано во првата фаза на донесување на овие закони дека ќе се почитува експертското мислење тоа засега не се случува вели поранешниот министер за локална самоуправа Џемаили Саити:

„Прашањето е малку потемелно и бара поширок консензус, односно вклучување на сите политички И општествени чинители во размислувањата околу тоа како треба да изгледа идната територијална организација на државата. Тоа што се случува деновиве не гарантира дека ќе има некаква поопширна анализа.”

Професорот Марковски вели дека во македонија не треба да биде намален бројот на општиниту туку тој може и да се зголеми:

„Со тоа би добиле еден развоен терк на населената мрежа, што ќе предизвика мобилност на работната сила од поголемите градски центри, каде што се бори со проблемот на неврабоетност, да се придвижи кон овие територии, да ги искористи природните ресурси, во областа на земјоделие, сточарство, шумарство, така што ако веќе во ист момент не може да го привлечеме населението да се врати да живее, барем да го донесеме работно да се ангажира во текот на денот и ресурсите што ги поседуват овие територии да бидат соодветно искорисетни, а населението економски позадоволно.”

Доколку не бидат земени во предвид овие и други основни критеруими за престојната децентрализација на земјата ќе бидеме доведени во ситуација по одреден временски период повторно да се интервенира во тие закони смета професорот Благоја Маркоски.
XS
SM
MD
LG