Достапни линкови

Преговорите на коалициските партнери во владата во застој


Преговорите меѓу владините коалициски партнери за пакетот закони за децентрализација во застој. До крајот на неделава не се предвидени нови средби. ДУИ не попушта а СДСМ и ЛДП засега не ги прифаќаат нивните барања. Денеска на Владина седница ќе се најдат 22, од околу 40 закони кои произлегуваат од пакетот за децентрализација, изјави за „Слободна Европа“ министерот за локална самоуправа Александар Гештаковски:

„Утврден е дневниот ред за 22 закони, од целокупниот пакет за децентрализација и во претходниот период од Собранието шест закони се усвоени, што значи, пакетот во голем дел би се комплетирал со околу 28 закони. Остануваат уште околу десет закони кои во наредниот период владата би ги разгледала и овој предлог би бил доставен до Собранието на разгледување и усвојување, сигурно со една конструктивна расправа, условени од делот на одржување на локалните избори, кои се утврдени за 18ти октомври и потребните дејства кои треба да се преземат за регуларни фер и демократски избори.“

Меѓу десетте закони кои преостануваат се клучните за територијална организација, градот Скопје и фискална децентрализација. Цврстиот став на ДУИ ги изненедило и коалиционите парнери СДСМ и ЛДП. Освен што бараат приспојување на руралните скопски оптини кон градот Скопје, каде Албанците би биле над 20 насто, ДУИ не попушта ни за Кичево ниту за Струга:

„За нас што се однесува за Кичево и Струга тоа е апсолвирано прашање,“

изјави потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити. Во СДСМ велат дека се подготвени за компромис, на градот Скопје да се приспојат Сарај и Кондово со што Албанците би ја достигнале квотата од 20 насто, но не и Студеничани, Сопиште и Арачиново. За возврат се бара ДУИ да попушти во Кичево каде според првата варијанта Албанците се над 50 насто. Зајас и Осломој целосно ги исполнуваат условите да бидат самостојни општини велат во СДСМ. Доколку ова варијанта биде прифатена тогаш Албанците во Кичево ќе бидат застапени со 30 а не над 50 посто.

Инаку, ставот на опоцијата во однос на неколкудневните преговори меѓу владините коалициони партнери е веЌе обро познат.

„Гледаме еден процес на вулгарно меѓупартиско договарање и пазарење, а целосно е заобиколена пошироката јавност, опозицијата и мислењето на граѓаните,“

изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.
XS
SM
MD
LG