Достапни линкови

Процеси заплеткани во судските лавиринти


Приказната за неможноста да си го врати својот имот, кој бил национализаиран во 1948 та година, а на чие место сега се наога познатиот скопски хотел Бристол, Златко Васков потомок на семејството Караџа ја започнува со зборовите.

„Сентиментална, затоа што, јас со мајка ми и татко ми живеевме до земјотресот, на оваа улица, нели сега се наоѓаме во хотел Бристол и не ми е сеедно што сум тука, живеевме отприлика каде што сега е дом на АРМ. Мојата мајка, тукуречи секој ден, го гледаше хотелот и воздивнуваше, велеше ене, го грабнаа, на татко ми имотот, којшто го стекнал со чесна работа.”

Целата постпака за денационализација на поранешниот имот веке седум години е заглавена во судските лавиринти, раскажува Васков.

„Со донесувањето на законот за денационализација ние се активираме во тој правец. Меѓутоа, макотрпно одејќи до врата на врата, тешко стигнавме до некоја вистина, да ни кажат дека, всушност од судскиот процес, зависи конечното решение на денационализацијата на хотелот Бристол и еве веќе седум години, тој предмет се влече по судови.”

Ова е само еден од мнгоуте слу1аи на сопственици кои неможат да си ги вратат своите имоти. Во иминативе две години, Владината Комисија за вракање на национал. имоти го опстурира процесто, а нашиот став дополнително ни се потврдува и поради одбивањето на надлежните од Министерството за финансии да остварат средба со нас иако тоа со месеци на назад го бараме,, вели Претседателот на Здружението Василики Викетнијевик.

„Таа затвореност, создава недостапност од страна на министерот. Ние побравме неколку пати прием кај него. Затвореноста, придонесува за страв кај граѓаните, дека проесот, е, ете, како што се вели, во последно време во застој.”

Според податоците од Државната Комисија за денационализација до 31 декември 2003 биле поднесени 18 264 барања за вракање на одземени имоти, од нив државата решила 6 550 што според Здружнието е само една третина од вкупно поднесените барања. Инаку рокот за поднесување на нови барања за враканје на имотите истече на седми минатиот месец.
XS
SM
MD
LG