Достапни линкови

Штетата голема, количеството врнежи не се памети


Штетата од поројните дождови што предизвикаа поплави во неколу градови е голема. Синоптичарите потврдуваат - количината на врнежи што падна за едно деноноќие споредено со други години не се памети и претствува своевиден рекорд.

„Вака големо количество врнежи за толку кратко време е невообичаено за нашите услови, во Гевгелија да паднат 240 литри на метар квадратен,”

вели Веселин Стојановски од РХМЗ. Во невремето освен подрумски беа полавени и простории од првите катови во неколку станбени згради, потопени се неколку автомобила на магистрлните патишта, повеќе села се отсечени неколку семејста останаа без покрив, предизвикани се дефекти во стопснките капацитети и водоводната меража во гевгелсико струмицкиот регион.

Професор Др Цветанка Поповска експерт по хидрологија и хидрологија вели дека последното невеме што ја зафати Македонија покажува дека Македонија не е имун на глобалните климатски промни во светот.

„Климатскиот систем на земјата, генерално и глобално и регионално очигледно е сменет од преиндустрискиот период, па до денеска. Некои од промените се резултат на природни процеси, меѓутоа, некои и на активностите на човекот, каде голема е улогата на емисијата на стакленички гасови.”

Засега Поволна околност е Што врнеШите прествуваат.0д цетвток времето ке се стбилизира - информира дежурниотс иноптицар Веселин Стојановски

„Од среда до сабота се очекува претжно сончево и потопло време, а наместа температурата ќе достигне и до 30 степени. А, од недела се очекува нов бран со нови врнежи од дожд.”

Но гледано длгороцно промните во климата во светот и акј нас ке бидата појава на долги патеки.

„Намалувањето на стакленичките гасови, треба време да се почувствуваат. Согласно протоколот од Кјото најмалку сто години е потребно да се достигне некоја прифатлива мерка на емисија за 100 години.”
XS
SM
MD
LG