Достапни линкови

Владата ќе распише тендер за втор оператор во фиксната телефонија


Македонските граѓани се сомневаат од брзи ефекти, по најавите на „Телкомот“ за нови тарифи за потрошените импулси и на владата дека ќе распише тендер за втор фиксен оператор:

„Не верувам, тоа е долга работа, одеднаш не може да се стори тоа.“
„Се сомневаме дека тоа ќе се направи брзо, а во меѓувреме и трет оператор да отворат, ако сакаат да му направат добро на народот.“
„Што побрзо владата го направи тоа, толку поевеќе години ќе има за нив, и народот ќе им верува повеќе, вака на ивица се.“


Вниманието е концентрирано врз исходот од проемната на тарифниот систем во „Телекомуникации“. Кон нив во здруженијата на граѓани главно гледаат со недоверба:

„Ние, зазедовме став, доколку дојде до покачување, ние ќе ги повикаме граѓаните на граѓанска непослушност, т.е да не ги плаќаат сметките.“

Спротивни од рекцијата на Миле Митновски од „Демос“ се аргумнтите на „Телекомот“. Според оваа компанија се зголемува цената на разговорите што тараат над една минута и дваесет минути. Ќе поскапат разговорите од три до шест минути и ќе чинат три однсоно шест денари. „Телеком“ од друга старана тврди дека граѓаните ќе добијат можност да одберат различни ценовни пакети каде ќе имаат попусти. Во ДЕМОС имајќи ги на ум искуствата од претходни најави на „Телекомот“ не им верувата на последните:

„Пред потпишување на договорот во 2000 година, цената на импулстот беше 0,5 денари, а сега достигна 1,38. Ако се додаде на тоа и 18 насто ДДВ, доаѓа дека 360 пари е цената повисока. Телефонот во домашниот буџет учествувал со пет до седум насто, сега тоа е 40 до 50 насто.“

Во нова реакцијата на нездоволството на граѓаните од промената на тарифниот ситем на „Телеком“ владата најави оти итно ќе распише тендер за втор фиксен оператор и формираше работна група за да подготви документација за тендерот. За предностите од највената конкуренција за кои зборува Панче Бандаров од упаравата за моноплски услоги:

„Можам да кажам дека тоа ќе значи многу, бидејќи конккуренцијата е регулатор на самиот пазар. Секаде во светот, каде што има конкуренција, предноста најпрвин ја чувствуваат самите потрошувачи.“

Искуствата од мобилната телефонија покажаа дека од распишуавањето на тендерот до проработувањето на вториот оператор минаа две години.
XS
SM
MD
LG