Достапни линкови

Аферата за користи во дневно политички цели


Никој не може да биде прогласен за виновен додека судот не го увтрди тоа. Ова е општо место на секоја правна постапка застепена и во македонскиот устав и таа не смее да биде заобиколена и во случајот „Раштански лозја“, во кој првообвинетиот е поранешниот министер за внатрешни Љубе Бошковски, кометира професорот по кривично право Ѓорѓе Марјановиќ:

„Веќе го прогласуваат за виновен, веќе зборуваат за неговите мотиви итн, тоа се работи што во некоја друга земја би требало да бидат санкцнионирани и да бидат прогласени за кривичо дело.“

Обвинувањата дојдоа, најнапред на прес-конференција во МВР, потоа од собраниска говорница од некогашниот министер за внатрешни сега премиер Хари Костов:

„Извршено е класично убиство“

И од скопското и државното обвинителство:

„Убеден сум дека правдата ќе го стигне и господинот Љубе Бошковски, со оглед на тоа што имаме многу сигурни докази за основано сомневање дека тој бил вклучен како поранешен министер за внатрешни работи во случајот Раштански Лозја.“

изјави Александар Прчевски. Сега случајот „Раштански лозја“ е во рацете на судот:

„Ние како МВР нашите активности ги заокруживме,“

изјави новиот шеф на полицијата Сиљан Аврамовски, откако Костов јавно го покажа ЦЕДЕ-то на кое се снимани монтирани разговори кои требале да бидат крунски доказ за терористичкиот беграунд на убиените:

„Ова ЦД не е ниту комуникација меѓу Албанци, ниту постојат емигранти, терористи итн. Туку, ова ЦД е снимено во Драчево, во стан, во којшто четворица вработени од МВР донесени во периодот пред изборите 2002 година, со поделен текст на хартија учествувале во снимање на ова ЦД,“

рече Костов. Како Бошковски замина за Хрватска сеуште е неизвесно и за државното обвинителство,

„Сеуште немам конкретни податоци за тоа кој направил пропусти околу неговото заминување.“

А, според дипломатски кругови токму ова е клучното прашање што европските дипломати им го поставуваат на средбите со македонските претстасвници. Самото отворање на случајот и обидот да се реши наиде на поддршка во меѓународните кругови, но атмосферата на скандал што ги следи „Раштански лозја“ од самиот почеток за жал не е одбегната ниту во разврската, кометираат странски дипломати посочувајќи го начинот на кој МВР излезе со доказите.
XS
SM
MD
LG