Достапни линкови

Одбележување на шеестетгодишнината од отворањето на Западниот фронт


Утре, светските лидери и воените ветерани ќе се соберат во Нормандија да ја одбележат шеесет годишнината од отворањето на Западниот Фронт во Втората Светска Војна. Значаен настан, но не секој е задоволен.

„Ова утро беше извршено истоварување на брегот на Франција од трупи на Сојузничките сили. Ова истоварање е дел од конкретен, обединет план за ослободување на Европа и е поврзан со нашиот голем сојузник Русија.“

Тоа беше радио обраќањето на американскиот генерал Двајт Ајзенхауер на шести јуни илјада деветстотини четириесет и четвртата година, неколку часа откако сојузничките сили покренаа масовна операција за ослободување на Западна Европа од нацистичката окупација. Повеќе од сто и пеесет американски, канадски, британски и други војници, поддржани од две илјади авиони и седум илјади бродови се истоварија на нормандиските плажи во Франција. Операцијата Оверуорлд, или едноставно Денот Д се посочува како пресвртен момент во Втората Светска Војна. Како и во другите битки во таа војна, цената во човечки животи беше огромна. Само тој ден загинаа две илјади и петстотини војници, додека скоро осум илјади беа ранети. Во наредните два месеца колку што траеше сојзничкото напредување низ Нормандија до ослободувањето на Париз, бројот на жртвите и на двете страни изнесуваше над четиристотини илјади. Утре, на шеесет годишнината од Денот Д, лидерите на Франција, Британија и Соединетите Држави, како и илјадници преживеани ветерани ќе се соберат во чест на оние загинаа. За прв пат, на оваа традиционална комеморација е поканет и еден германски канцелар. Потег што од многу организации на воените ветерани е оценет како важен гест на помирување. На церемонијата ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин, но не и италијанскиот премиер под образложението на Франција дека Италија имала своја прослава на ослободувањето на Рим и оти во Денот Д не биле инволвирани италијански војници. Второво објаснување зошто не се поканети на годинашното сеќавање важи и за руските ветерани.

„Никој не испрати покана до Комитетот на воените ветерани.“

Вели претставникот на овој Комитет Јуриј Иванов. Точно е дека тогашните советски сили на учествувале во таа опрација, но историчарите се на став дека без советските победи на Источниот Фронт, не ќе можеше да се добие Втората Светска Војна. Руските историчари пак забележуваат дека во кингите на Запад се глорифицира Денот Д, а се заборава битката за Сталинград која се случи една година претходно и која го одбележа почетокот на поразот на Хитлер. Ова, како што смета Џое Маиоло, историчар од Лондон е резултат од Студената Војна и оти по неа сега во западните книги има побалансирани текстови. Сепак според него е важен одговорот на едно друго прашање:

„Треба да поставите поопшто прашање: Зошто сојузниците победија? Тие победија, бидејќи се бореа заедно и се држеа до една политика која доведе до пораз на силите на Оската.“
XS
SM
MD
LG