Достапни линкови

Денеска најавено заминување на директорот за операции Џејмс Павит


По вчерашната оставка на директорот на ЦИА Џорџ Тенет, за денеска е најавено заминување од американската разузнавачка агенција и на заменик директорот за операции Џејмс Павит по 31 година служба.

Џејмс Павит шефот на шпионските операции како што е соопштено, заминува во пензија, а Дирекоторот на Циа Џорџ Тенет вчеша изјави дека се повлекува поради семејни причини. ЦИА негира дека повлекувањето на Тенет е поради контроверзите околу неуспехот да се пронајде оружје за масовно уништување во Ирак и како последива на нападите врз Соединетите Држави на 11 септември. Самиот Тенет по повод оставката и контроверзите изјави.

„Ова е најтешката одлука што кога било сум ја донесол и додека во Вашингтон и во медиумите таа ќе добие многу различни лица, јас ке речам дека е тоам лично решение кое се базира на еден факт – за доброто на моето прекрасно семејство.“

Џорџ Тенет беше наименуван за директор на Циа од претседателот Бил Клинтон во 1997 година. Тој во обраќањето пред персоналот на ЦИА во Ленгли – Вирџинија за работата во светот на разузнавање рече.

„Ние не сме совршени, но една од нашите најдобро чувани тајни е дека сме многу, многу добри.“

Американскиот претседател Џорџ Буш и секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд изразија жалење заради одлуката на Џорџ Тенет да поднесе оставка во ЦИА. Неговиот заменик Џон МекЛафлин ќе ке служи како ве де директор до наоѓањето нов директор на ЦИА.
XS
SM
MD
LG