Достапни линкови

Пратеничката група смета дека не е време за предвремени избори


Услови за одржување предвремени парламентарни избори во Македонија не постојат се согласуваат повеќето политички партии во земјава. Ова откако лидерот на опоициската ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски вчера од собраниската говорница повика на одржување предвремени парламентарни Избори. Со него не се согласуваат дури и пратениците од неговата партија. Коце Трајановски координатор на пратеничката група со став:

„Нема услови за одржување сега на предвремени парламентарни избори. Политичките партии не се подготвени за одржување на предвремени парламентарни избори, затоа што меѓу партиите треба да се направи една критична политичка маса. Сметам дека климата не е сеуште таква, за да има предвремени парламентарни избори.“

Со барањето на груевки се согласуваат единствено во ДПА

„Има голема потреба за предвремени парламентарни избори, бидејќи, во една ваква ситуација на статус кво на сите општествени гранки во државата, од оваа ситуација Македонија може да излезе само со предвремени парламентарни избори.“

Изјави портпаролот на оваа партија Сулејман Рушити. Што се однесува до владеачката СДСМ прашање дали во ВМРО ДПМНЕ се подготвени за предвремени парламентарни избори.

„Никола Груевски како претседател на опозициона партија, може да бара што сака и нормално е да бара затоа што, ако не бара, ќе нема за што друго и да говори. Меѓутоа, прашањето е дали Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени за избори и дали воопшто се подготвени да добијат уште еден изборен пораз,“

изјави портпаролот Борис Кондарко. Додека во коалиционите партнери на СДСМ , ДУИ велат дека политичкиот момент не е нај соодветен за одржување предвремени парламентарни избори.

„Моментот, околностите, одговорноста којашто ја имаме, воопшто не остава простор за организирање предвремени избори.“

изјави Ермира Мехмети
XS
SM
MD
LG