Достапни линкови

Причините егзистенцијални


Меѓу македонските граѓани продолжува интересот за земање бугарско државјанство. Според подтоците што ги објавува министерството за првда на таа соседна држава, за првите пет месеци од годинава од 3824 македонски граѓани колку што поднеле барања 724, добиле државјанство. Таквиот тренд во нашата земја официјално не може да биде потврден поради нецелосни податоци во институциите, но намерата меѓу некои луѓе е присутна:

„Можеби во иднина и би побарал, ако вака продолжи државата да се однесува со своите граѓани. Гледате, немаштија голема.“
„Ние немаме излез, каде и да мрднеме, нас ни требаат визи.“


Такавата забелешка што најчесто може да се слушне меѓу помладите луѓе во Македонија, според професор Амелија Јоавановиќ, од Филозофскиот факултет во Скопје главно ги објаснува причините за интресот. Таа оценува дека материјалните односно егзистенцијалните преднсоти се главниот мотив што некои луѓе си заминуваат.

„Многу излегуваат младите од Македонија, значи нема погодни услови ниту за создавање на семејство, а за создавање на семејство треба да има некои основни услови, значи да може да се оддели од родителското семејство, значи да има и свој стан, и нормално егзистенција, а егзистенција кај нас е работа, зашто ретко луѓето располагаат со капитал да може да почнат приватен бизнис.“

Сепак спротивно од податоците што ги објавуваа официјална Софија, според луѓето во Македонија сметаат дека станува збор за интерс кој не ветува перспективи на подолги патеки:

„Зошто да бараат, кога и ние ќе влеземе во ЕУ еден ден, барем така размислувам.“
„Имам дипломиран машинец, со постидпломски, не може да најде работа, ама си работи икс други работи, воопшто не помислил дека треба да ја напушти државата. Продава козметика, монтира еркондишни...“


Професор Амелија Јовановиќ го дели мислењето на македонските граѓани дека податокот за растење на мотивите на Македонците да станат бугарски државјани треба да претствува сигнал за државата и нејзините институции.
XS
SM
MD
LG