Достапни линкови

Војната против тероризмот зеде голем данок


Војната против тероризмот што сега ја водиме, зеде голем данок, изјави американскиот претседател Џорџ Буш на церемонијата по повод Денот на сеќавањето на жртвите од војните, одржана на националните гробишта во Арлингтон, во близина на Вашингтон. Но, како што додаде, благодарение на храброста на војниците, Америка сега е е побезбедна.

На церемонијата на која присуствуваа началникот на Здружениот штаб на американската војска Ричард Мајерс и секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд беа положени цвеѓина на гробот на Незнајниот јунак каде што се погребани војниците загинати во текот на Двете светски војни и во Кореа. Говорејќи за сегашната војна против тероризмот, предвидена од Соединетите Држави, претседателот Џорџ Буш изјави:

„Го видовме достоинството на мажите и жените кои ја облекоа униформата на нашата земја во места како што се Кабул и Кандахар, Мосул и Багдад. Ја видовме нивната доличност, како и нивниот храбар дух. Поради нив Америка е побезбедна. Два терористички режима си заминаа засекогаш и повеќе од пеесет милиони луѓе сега живеат во слобода.“

Буш притоа додаде дека Ирак под Садам Хусеин бил терористички режим сличен на талибанскиот кој во Авганистан им давал засолниште на Осама бин Ладен и неговата Ал Каида. ,,Сите кои се бореле за таа цел треба да се гордеаат,, рече Буш. Според последните податоци на Пентагон, досега во Ирак загинале над осумстотини американски војници, а повеќе од четири илјади и шестотини биле ранети, додека во Авганистан загинале над сто и дваесет припадници на американските сили. Буш кој не учествуваше во Виетнамската војна, бидејќи во тогаш служел како пилот во Националната воздухопловна гарда во Тексас, според неговите опоненти, сега, во текот на годинашната предизборна кампања, сакал да се претстави како воен претседател со што би требало да добие предност пред сенаторот Џон Кери. Имено, како што стојат работите на претседателските избори што ќе се одржат во ноември годинаванајверојатно негов ривал ќе биде токму Џон Кери од опозиционата Демократска Партија, кој пак е одликуван како ветеран од Виетнам.
XS
SM
MD
LG