Достапни линкови

Почетокот со многу проблеми


Во државава од неодамна е атрактивна финансиската услуга лизинг, која ке им понуди многу бенефиции на стопанските субјекти, пред се на малите и државните
претпријатија, бидејки во иднина ке можат да ја започнат планираната стопанска активност без да ги имаат средствата кај себе, потенцираат во Министерството за финансии. Оттаму велат дека, воведувањето на оваа финансиска услуга која за разлика од кај нас е добро позната во економски развиените земји, ке придонесе за поттикнување на инвестициите за развојот на малите претпријатија.

„И стопанските субјекти, особено малите претпријатија, а и државните претпријатија не е потребно ангажирање на сопствени средства, вообичаено не е потребно дополнително обезбедување, она што претставува најголема потешкотија кај стопанските субјекти, или кај поединците кај физичките лица,“

изјавува заменик министерот за финансии Димко Кокаровски.

Поради овие причини од Минстертвото за финансии на македонските бизнисмени во иднина им препорачуваат користење финансиски лизинг, наместо комплицирани и скапи кредити како досега.

Но, она што во моментов ги револтира македонските бизнисмени е тоа што и покрај големите реклами за предноста од користењето на финасискиот лизинг, сеуште неможат да добијат соодветни информации за начинот на добивање на оваа услуга.

„Мислам дека лизингот е многу добра работа, затоа што средтсвото што го купувап, го заложуваш и го отплаќаш на рати. Кај нас, мислам дека за тоа нема некој простор. Јас конкретно, во весник видов реклама од Министерството за финанасии. Се јавив таму, прво колешката не беше тука, дента, утредента пак се јавив, таа беше на семинар, и сега додека да добијам информација за лизингот можеби ќе поминат два месеци, а додека го реализирам лизингот, конкретно за да купам опрема и да отворам некое производство, тоа е научно – фантастичен филм,“


вели Никола Кумев, сопственик на продуцентска куќа.

Во нашата земја, досега само шест трговски друштва добија дозволи за финансиски лизинг од Министерството за финансии мегу нив и фирмата „Еуролизинг“. За досегашната заинтересираност за користење на оваа услуга оттаму велат, користењето на лизингот за купување на возила е големо, но тоа сеуште неможе да
се каже дека е својствено и за стопанските субјекти.

„Што се однесува на другите два сектори, коишто спаѓаат во сферата на интересот на лизингот, опремата и недвижностите сеуште постојат проблеми во законската регулатива, во финансиските услови итн,“

изјавува директорот на „Еуролизинг“, Огне Малевски.
XS
SM
MD
LG