Достапни линкови

Процес што во имотно – правните лавиринти се тегне со години


Во Македонија во моментов се водат стотина активни и шеесетина времено сопрени стечајни постапки. За конечниот исход од тоа како ќе завршат истите чекаат седум и пол илјади вработени. Досегашното искуство вели, многу мал број од фирмите во стечај продолжуваат со работа, најголемиот дел од нив се ликвидираат, а и тие што ќе профункционираат не работат со полна кондиција


„Според статисчките податоци, многу мал број компании се враќаат на старите добри времиња, од пред стечајната постапка, значи откако се продадени, рестартирани, многу мал број за кратко време стануваат добри фирми.“

вели Гоце Пачемски портпарол на министерството за економија. Главниот проблем е што стечајните постапки во Македонија се водат исклучително долго, односно сеуште има фирми каде постапките се отворено од 93, 94 година и сеуште не се завршени.

„Нерешените имотно – правни односи се најчест пример за одлоговлекување на стечајните постапки.“

Со цел забрзување на стечајната постапка министерството за економија и министерството за правда најавуват измени на законот за стечај каде посебно ќе се посвети внимание на зголемувањето на одговорноста на стечајните управници, бидејќи тие се лоцирани како едни од главните виновници за неоправданото пролонгирање на стечајните постапки.

„Тој мора да одговара за имотот што го продава и управува додека трае стечајната постапка. Ние предлагаме, со целиот личен имот, во случај да се докаже дека тој е одговорен за одолговлекувањето или ошетувањето на доверителите да се наплати таа штета преку неговиот имот.“

Со измените на законот за трговски друштва ќе се сопре досегашната практика поради која и голем број од фирмите беа испраќани во стечај. Имено, веќе нема да биде отворена опцијата, во старата да останат само обврските, а целиот капитал да се префрли во нова фирма.

„Го заштитивме доверителот, а не должникот, значи сега ќе биде многу тешко, скоро невозможно, да се затвори фирма, пред да се платат сите долгови, и спрема доверителите.“

Во фирмите во кој се води стечај, во моментов се ангажирани само 10% од вкупниот број на вработени пред отварањето на стечајната постапка.
XS
SM
MD
LG