Достапни линкови

Целта, поттикнување на процесот на реформи и приближување кон критериумите на Алијансата


Во пресрет на утрешната посета на генералниот секратар на НАТО Јап де Хоп Схевер македонскиот парламент со расправа за резолуција за развој и трансформација на одбраната. Станува збор за владина програма што прозилегува од стратегискиот одбрамбен преглед кој се смета за клучен документ во приближувањето кон стандардите на Алијансата каде се нотирани реформите што треба да се реализираат до 2007 година за која се смета дека е реално да се очекува македонско приклучувањето кон Алијансата. Основната промена што оваа резолуција ја носи е пофесионализација и намалување на редовниот состав на армијата од 12 на 8, а резервниот на 5 илјади војници. Но, со неа треба да се реши уште една клучна забелешка што досега и беше упатенувана на макеоднската одбрана – долгорочно планирање на воениот буџет.

Собранието треба да отвори и расправа за предлог законите за заштита и спасување и законот за кризен менаџмент, а како посебен дел од парламентарната работа за утре се најавува нова седница за испраќање на третиот армиски контигент за Ирак. Очекувањата се дека макеоднскиот законодавен дом со усвојувањето на резолуцијата и со давањето зелено светло за продолжување на мисијата во Ирак ќе даде доволно причини за најавената порака на нгенералниот секретар на Алијансата. Според зборовите на неговиот портапрол Џејм Апатурај:

„Главната порака на генералниот секратар ќе биде секако да ги пофали направените напори на Македонија за продолжување на реформите, и нејзината насоченост заедно да работи со соседите во промоцијата на регионалната соработка, тука е и пораката за продолжување на имплементацијата на рамковниот договор. Со еден збор неговата посета е со цел да го поттикне процесот на реформи и приближувањето кон критериумите на Алијансата“
XS
SM
MD
LG