Достапни линкови

Демаркацијата веројатно догодина


Демаркацијата на северната граница во делот кон Косово годинава не е на дневен ред. Во планот што мешовитите работни групи на македонското и српско-црногорското министерство за надворешни работи го усогласија на последниот состанок минатиот месец работата што треба да започне деновиве ќе се фокусира на петтиот и шестиот сектор, односно на преостанатите километри од 80-тината од тромеѓето меѓу Бугарија Србија и Црна Гора и Македонија, до село Лојане.

Косовскиот дел чека подобра политичка клима

„Зависи како ќе се одвиваат работите, мислам дека треба да се избере поволниот политички момент,“

изјави неодамна министерот за одбрана Владо Бучковски. Неформалните најави и очекувања дека демаркацијата на границата ќе биде актуелизирана двеилјади и петтата се совпаѓаат со отворањето на разговорите околу финалниот статус на Косово. Ставот на Македонија во таа смисла се сумира со изјавата на претстедателот Црвенковски, дадена уште во предизборната капања:

„Ние не смееме да дозволиме на било кој начин иднината на Македонија да биде поврзана, со судбината или иднината на Косово.“

Иако, поинакви тенденции за внесување на Македонија во спорот постојат од двете страни потврди миниостерот Бучковски:

„Едните сакаат да си го потврдат легитимитетот, другите да го промовираат својот легитимитет.“

Според најавите на македонскиот државен врв добиените гаранции од меѓународниот ксе дека границата ќе биде одбележана пред почетокот на преговорите. Во меЃувреме И од Белград И од Приштина доаЃа потврда за омекнување на ставовите . Во таа смисла упатените ги толкуваат изјавите на косовскиот премиер Бајрам реџепи кој рече

„Мислам дека времето допрва доаѓа и дека ќе го решиме на задоволителен начин.“

Како и изјавата српско-црногорскиот министер Вук Драшковиќ во која за првпат се наведува дека ќе се прифати во демаркацијата да учествуваат и косовски преставници:

„За границвата меѓу Косово и Макеоднија апсолутно мораат да преговараат претставници на државата Србија и Црна Гора во чиј состав е и Косово, но се разбира и претставцници на Косово и се разбира претставници на Меѓународната заедница со претставниците на македонската држава.“

рече Драшковиќ.
XS
SM
MD
LG