Достапни линкови

Штрајк за спречување на отпуштањето на 400 просветни работници


Додека вработените во образованието денеска го одбележуваат денот на просветните работници, од Синдикатот на образованието, науката и културата најавува протести со цел да го спречи отпуштањето на 400 нивни колеги. Станува збор за вработени во сметководството и во угостителските услуги на основните и средните училишта. Првата фаза треба да заврши до крајот на јуни, а до крајот на годинава ке има уште две фази по што без работа ке останат околу 1.200 вработени.

„Прво, ние не негираме дека има виќок вработени во образованието. Но, рационализацијата мора да биде процес и дел од неопходните реформи што треба да се прават во образованието, а не да биде акција. Тоа не го решава проблемот, туку создава само нови социјални проблеми. Бараме да седнеме со министерствата, конкретно сега со министерството за образование и наука, да видиме кои ќе бидат критериумите, кои ќе бидат отпуштени, а не вака, цело едно работно место сметководители нема да постојат.“

изјави Дојчин Цветановски претседател на СОНК кој посочува дека со отпуштање на овие лица неизвесна е нивната судбина, но се отвара и прашањето дали приватни фирми може целосно да распологаат со средства од буџетот

„Ако успејат тендерите треба да ги преземат некои приватни агенции за сметководство. Ама тие не може да имаат обврска да ги преземат вработените. Тоа само ќе остане како нивна желба, ниту сите, ниту еден, тие ги преземаат обврските за сметководството во училиштата. Второ, има голема дилема, и треба добро да се размисли, дали приватни агенции, во случајов за сметководство, можат да располагаат со сметководствени работи за пари од буџетот.“

И граганите се жалат дека од ден на ден се е понеизвесно кој ке остане без работа

„Познати роднини и пријатели останаа без работа годинава, а уште и ќе остануваат. Со остар нож се сечат тие работни места, а не гледам дека се гледа на иднина.“

Од министерството за образование пак велат дека рационализацијата е дел од реформите и оти таа мора да се спроведе.
XS
SM
MD
LG