Достапни линкови

Загадувањето го затемнува сонцето


Загадувањето ни го затемнува Сонцето. Последните испитувања покажаа дека на Земјата пристигнува помалку светлина. Иако се уште сме далеку од тоа пладнињата да ни станат мрачни, сепак експертите уште сега страхуваат од такво нешто.

Во втората половина од Дваесетиот век, Светот буквално стана потемно место. Стотици инструменти ширум светот забележаа дека сончевата светлина се потешко стигнува до површината на Земјата. Или десет проценти помалку од она што е нотирано во доцните пеесетти години. Попрецизно, секоја декада губиме по два процента од светлината на сончевите зраци. Во некои делови како Азија, Соединетите Држави и Европа, ваквото опаѓање е уште поголемо. Хонг Конг пак, добива триесет и седум насто помалку светлина од онаа во половината на минатиот век. Никој не предвидува дека оваа појава наскоро ќе доведе до тоа дента да стане ноќ, но податоците загрижуваат, и како што велат научниците, треба да се алармира светската јавност. Џејмс Хенсен од НАСА институтот за Вселенски истражувања наведува дека одамна е познато оти загадувањето на воздухот придонесува за намалувањето на сончевата светлина. ,,Тоа се случува од поодамна. Значи не е нешто изненадувачко како некој кога ќе ви истрча на улица,, вели Хенсен за весникот Интернашнл Хералд Трибјун, додавајќи дека станува збор за голем ефект. Од друга страна сателитските истражувања покажаа дека Сонцето и натаму свети како и порано. Значи она што го затемнува е земјината атмосфера. И тоа, како што велат научниците, на два начина. Првиот: зраците се одбиваат од неа и се враќаат во вселената, и вториот: се нејзините се потешки облаци кои пак се последица од загадувањето на водите на нашата Планета. Притоа експертите забележуваат и на уште една појава која иако изгледа парадоксална сепак се објаснува со загадувањето на воздухот. Накусо, иако Земјата добива помалку светлина, таа станува се позагреана. Имено, истите тие тешки облаци не дозволуваат топлината акумулирана на земјината површина да се ослободи во Вселената. Така, Планетава веќе подолго време ги трпи ефектите на таканаречената Стаклена градина. Засега ниту научниците не можат целосно да сфатат на каков начин затемнувањето го поттикнува глобалното затоплување. Но, тие се уверени дека оваа појава со текот на годините ќе се зголемува. Затоа и бараат поангажирано дејствување на меѓународната заедница. Доколку на време не се спречи прекумерната емисија на штетни гасови во атмосферата, велат тие, светот не само што ќе се прегрее, туку ќе станува и се помрачен.
XS
SM
MD
LG