Достапни линкови

Министерството за правда бара промена во Законот за избирачки список


Со цел избирачкиот список да се промени со најнови податоци, министерството за правда предложи измени во законот за избирачки список. Со законските измени се предвидува продолжување на рокот за преземање на техничката и методолошката обработка на податоците од страна на ресорното министерство кое е надлежно за изработка на избирачкиот список. Тоа значи дека за обработката на податоците врз чија основа се изработува избирачкиот список ке биде одговорно министерството за правда. Оттаму информираат дека спроведувањето на овој проект нема да започне оваа година, поради роковите кои течат за претстојните локални избори, но оти ова ке придонесе изборите ќе се спроведуваат по избирачки список со најнови податоци.

„Бидејќи оваа година е изборна, се одржаа вонредните претседателски избори, а претстојат и локалните наесен. И краток е временскиот рок за да се направат неопходните подготовки за обработка на податоците од избирачкиот список. Министерството за правда ги предложи овие измени, со кои рокот за преземање на овие организационо - технички подготовки на избирачкиот список започнува да тече од идната година. Значи, локалните избори што ќе се одржат наесен, ќе се одржат по старата методологија, односно државниот завод за статистика да ги ажурира, односно обработува податоците и да ги доставува до Министерството за правда, којшто МВР ги доставило до нив.“

изјави Мирјана Илиева од министерството за правда.

Главниот проблем што треба да се реши во избирачкиот список е за лицата кои подолго време престојуваат надвор од земјава, вели Стево Пендаровски, претседател на Државната изборна комисија. Според него ова е клучно за да не се остави сомнеж дека за време на изборите се манипулира со тие гласови

„Се работи за прилични голема бројка луќе коишто практично не се ви Република Македонија, веќе подолго време живеат надвор, а се државјани на Република Македонија. Ние мора да заземеме начелен, принципиелен став. Не само затоа што тоа на еден неприроден начин го крева прагот за било кои избори, туку затоа што навистина не треба да оставиме никаков сомнеж дека нема да се манипулира во некоја претпоставена ситуација со гласовите на тие луќе коишто се подолг период надвор од државата.“
XS
SM
MD
LG