Достапни линкови

До петок нова влада, кризата во опозицијата продолжува


Мандатарот за состав на нова влада, Хари Костов до петок до Собранието ќе до го достави предлогот за состав на нов владин кабинет. Распределбата на ресорите и досегашните министри остануваат исти, промена ке има само во министерството за внатрешни работи. Прв човек во овој ресор ке биде досегашниот директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, Силјан Аврамовски.

Додека владеачките партии разговараат за составот на новата влада и за нејзините обврските, опозициската ВМРО-ДПМНЕ се соочува со криза. На синоќешната седница на Извршниот комитет осум члена од овој партиски орган побараа лидерот Никола Груевски да поднесе оставка:

„Имајќи го предвид целосниот застој на внатрепартиската демократија, водењето лична политика, немањето соработка и координација со органите и телата на партијата, како и со пратеничката група. Создавањето раздор во партијата со давање неодговорни изјави, претседателот на ВМРО-ДПМЕ да поднесе неотповиклива оставка, како знак на политичка и морална одговорност за нанесувањето непроценлива штета на ВМРО-ДПМНЕ,“

изјави генералниот секретар на партијата Ден Дончев кој објаснува дека причина за ова е непродуктивната дискусија на состанокот на кој наместо да се дискутира за суштината на кризата, имало само формални дискусии и обраќања на Груевски.

Актуелниот лидер пак со оценка дека состанокот на Извршниот комитет само покажува дека продолжува дијалогот. На прашањето како го коментира барањето за негова оставка Груевски вели:

„Јас три пати понудив оставка на Централниот комитет и три пати со акпламација и со скандирање на моето име 117 члена, вклучително и некои членови на ИК, односно сите членови на ИК, ми ја одбија таа оставка. Јас имам одговорност пред тие луѓе, одговорност пред членството. Поединци може да кажат што сакаат, нормално тоа е право на секој поединец, меѓутоа дијалогот во партијата продолжува и консолидацијата продолжува.“

Доста Димовска предводник на политичкото крило во ВМРО-ДПМНЕ смета оти мора да се најдат сили преку Централниот комитет и општинските комитети да се излезе од кризата. Ние како политичко крило сме подготвени да помогнеме, вели таа, и додава дека досега од нив не е побарано мислење или помош:

„Не е побарано ниту од едната ниту од другата страна, дали ќе дојде до такво нешто, веројатно ќе дојде, бидејќи се продлабочува расколот, и очекувам дека можеби ќе се изнајде начин и сила да се признаат грешките и да се разговара со сите, сега никој со никого не разговара.“
XS
SM
MD
LG