Достапни линкови

Колку изјавите на американските лидери придонесоа за насилното однесување на војниците?


По нападите врз Америка на 11 септември 2001, Буш стави јасно до знаење дека верува оти непријателите на Западот не се само со поинаков поглед на свет туку се зло само посебе. Во истовреме Буш ги портретираше Соединетите Држави како најдобри во светот, просперитени и моќни, бидејки луѓето, во поголемиот дел се фер и исправни. Дури и скандалот со злоупотребите врз ирачките затвореници не може да ја помати неговата гордост кон Американските доблести.

„Знам колку е болно да се види како еден мал дел ја обесчествуваат чесната кауза за која многумина се жртвуваа. Тоа што се случи во ирачкиот затвор не се рефлектира на карактерот на 200 илјадниот воен персонал кој служи во Ирак од почетокот на операцијата Слобода на Ирак.“

Има ли нешто во нивниот тренинг, во нивната култура што ги доведе овие чувари на затворот така да се однесуваат. На некој начин ДА, според пензионираниот армиски полковник поранешен разузнавач Канет Алард кој сега е предавач за воени прашања на Џорџтаун Универзитетот во Вашингтон. Алард за радио Слободна Европа изјави дека многу американски војници го сфатиле 11 септември многу сериозно, и влегоа во армијата за да се одмаздат за нападите. Тоа е можеби добро за мотивацијата на војниците, но, вели Алард, мора да се држи под контрола.

„Ним им беше реќено дека причината поради која одат во Ирак нешто што е директно поврзано со 11 септември. Тоа се претвори во однос што не директно со она што го баравме. Но тие се деца на теренот во Ирак. Секогаш кога ќе пуштите момче во борбена ситуација, треба претходно да го истренирате и внимателно да го набљудувате.“

Токму тоа, смета Алард, не е направено со чуварите на затворот од страна на нивните супервизори или ,што е уште полошо, офицерите игнорираа, охрабруваа дури и наредуваа злоупотреби. Меѓутоа Алард го итфрла забелешките дека некако лидерите придонесле или имаат одговорност за злоупотребите. Тој се согласува со претседателот Буш дека станаву забор за изолирани случаи. Од друга страна Питер Кузник професор по историја верува дека никој не е повиновен од Буш за дехуманизацијата на ирачкиот непријател. Кузник вели дека пропагандистите на претседателот Френклин Рузвелт за време на Втората Светска Војна ги демонизирале Германија и Јапонија како главни нерпријатели , но нацистите беа зло, а обичните германци беа наречени жртви, иако сите јапонци според нивната улога во војната во умовите на пропагандистите требаше да се истребат. Таквиот пристап е видлив во ирачката војна, вели Кузник.

„Тоа што се случи во оваа војна од самиот почеток по 11 септември е дека претседателот Буш изјави дека е ова монументална борба меѓу доброто и злото што за многу луѓе беше преведено дека е борба меѓу христијанството и исламскиот фундаментализам како анти-теза на сите западни вредности. Тоа доведе до идеја дека ирачаните се фундаментално различни.“

Но не е само Буш виновен додава професорот по историја, тука е и дехуманизирачкото влијание на насилната глобална култура. Младите генерации растат со насилни видео игри, со филмови преполни со насилство. Сметам дека нашата култура не го цени човечкиот живот како што тоа беше пред 40 години. 20 век беше страшен и како што изминуваше човечкиот живот губеше на вредноста, смета американскиот професор по историја.
XS
SM
MD
LG