Достапни линкови

Усвојувањето на законите е најлесно, недостига имплементација


Македонија интензивно работи на исполнување на стандардите потребни за членство во НАТО, велат од Министерството за одбрана. Оттаму најавуваат дека деновиве ке се донесат и повеке закони од областа на одбраната

„Во духот на тие припреми се и подготовките за подготвени да го дочекаме истанбулскиот самит. За таа цел се работи на пакетот закони коишто ја регулираат оваа област. Така, на 18-ти и 21-ви, на седница на Собранието ќе биде пакетот на закони и собранието ќе работи за донесување на тие закони.“

изјави заменик-министерот за одбрана Ризван Сулејмани кој додава дека во делот на реформите од особена важност е и регионалната соработка посебно со Албанија и Хрватска во рамки на Јадранската повелба. Билјана Ванковска од Институтот за мировни и одбранбени студии посочува дека на реформите треба да се работи континуирано, а не само пред настани како Истамбулскиот самит. Во овој контекст таа истакнува дека во земјава недостасува фазата на имплементација:

„ Она што мене обично ми пречи е кога одредени наши исчекувања за реформски процеси или асоцијација во евро атлантските структури се врзува за одредени настани, самити и сл. Некако како да живееме од самит до самит, наместо во континуитет да ги оствариме реформите. Пред ваквите самити обично се интензивираат некои активности и тоа повеќе, би рекла, од симболичен тип, повеќе од легислативен тип, нешто што значи во принцип е најлесно да се стори, да се усвои закон, декларација и што и да е, меѓутоа фазата на имплементација е она што ни недостасува.“

Ванковска смета дека за некои закони потребно е време, во спротивно од нив произлегуваат непродуктивни решенија.
XS
SM
MD
LG