Достапни линкови

Балканот нотиран како црна дупка


Балканот веќе одамна е нотиран како црна дупка, на криминалот, на сивата економијата. Меѓународната агенција за интектуална сопственост, кога е во прашање проблемот на пиратеријата недоамна ја ставија и Србија и Црна Гора на листата на земји за посматрање поради високото ниво на распростаранетост на оваа нелегална трговија од која се губат многу пари.

Само американската музичка индустрија во текот на минатата година поради пиратеријата изгуби 9 милиони долари во Србија и Црна Гора, соопшти Меѓународната агенција за заштита на интелектуалната сопственост. Според извештајот на ова тело на овие простори легален е дури секој 4 музички диск кој се наоѓа во продажба. Ситуацијата е уште полоша кога станува збор за филмската индустрија. Во овој бизнис дури 90 насто од филмовите се бесправно набавени. Помошникот на црногорскиот министер за култура Драшко Џуровиќ вели дека работите не можат да се скријат.

„Голем број телевизии пред 4, 5 години имаа буквално само диви касети снимени на рачни камери во некое си студио во Америка. За два дена ги даваа премиерите во видеотеките во Подгорица. Тоа е голем прекршок и со пиратеријата мораме да се бориме сурово и исправно. “

Меѓутоа, закон за борба против пиратерија во Србија и Црна Гора нема, а иако уште во септември 2003 е формирана комисија задолжена да ги сомисли начините за сузбивање на пиратеријата, таа се уште не почнала да работи. И така на улиците и градовите во Србија и Црна Гора, како впоречем и во целиот регион се продава овој вид стока сосема непречено. Заменик министерот Здравко Џуровиќ вели дека во меѓувреме инспекциските служби слабо ја вршат својата работа и покрај тоа што се знае дека делата за кои се нема авторски права не можат да бидат изложени и да се продаваат. Радосав Цицо Поповиќ претседателот на Здружението на коно салите на Србија и Црна Гора во врска со извештајот дека оваа земја е ставена на листата за посматрање од страна на Меѓународната агенција заклучува.

„Посматрањето значи дека еден ден ке не тргнат и од листата, бидејки не сме правна држава, и не можеме тоа да го регулираме. И тие нема да ја остават оваа приказна, бидејки станува збор за огромни пари.“
XS
SM
MD
LG