Достапни линкови

Александар Гештаковски, министер за локална самоуправа. Пакетот закони за децентрализација во јуни во парламентот


Неколкупати беа пробивани роковите за донесување на законите за децентрализација на власта. Господине Гештаковски, кога може да очекуваме тие да бидат донесени конечно?

Овој процес, владата од самото конституирање го води врз основа на одредена оперативна програма, врз основа на диманика и врз основа на рокови. Огромен дел закони поминаа во првата фаза, согласно динамиката, со мало задоцнување на законот за финансирање и законот за територијална поделба кој сигурно предизвика најголем интерес кај граѓаните. Врз основа на последните настани кои се случија, во Република Македонија, се одложи и тој процес. Владата има јасна диманика, утврдена и од страна на телото за децентрализација, целокупниот преостанат пакет на закони во завршна фаза ќе биде разгледан до крајот на мај во владата и сметаме собраниската процедура да започна во јуни, со тоа што таа динамика ќе ја задржиме за другите фази, кои ни се многу важни, за имплементација на така трансферираните надлежности, бидејќи владата го усвои законот за измена на законот за локални избори, што значи, локалните избори, доколку парламентот го одобри тој закон ќе се одржат на 17-то октомври и почнувајќи и функционирање на локалната самоуправа ќе обезбедиме од 1.1.2005 година. Сметам дека со оваа динамика и со одредено задоцнување, иако е предвидено, целосно ќе го завршиме процесот на децентрализација, би потенцирал, пред се во интерес на граѓаните и за граѓаните.

Првата фаза во Собранието помина од овие закони. Дали тие ќе претрпат суштински измени по повторното разгледување во владата?

Па, видете во јавноста и кај новинарите се концентрираме одобено во делот на територијалната организација. Ние ги сумиравме сите забелешки, што сметам дека беше една транспарентна расправа, со делот на објавување, достапност на граѓаните, на оваа територијална организација, сега во оваа фаза се сумираат во министерството од страна на експертите. Има одредени предлози, ќе има одредени прифаќања, бидејќи во еден дел беа изјаснети на референдум потребите. Речиси сите општини бараат да го задржат статусот. Ништо од тоа нема да е можно, бидејќи голем дел општини не ги исполнуваат критериумите. Ние мора да створиме општини кои ќе одговараат на новите надлежности. Доколку створиме општини кои нема да одговараат на надлежностите, нема да имаат капацитети, тогаш она што зборував, граѓаните добиваат полоши услови. Имаме одредени размислувања, но сега почнуваат консултациите меѓу владините партнери, во работните тела на владата, сигурно и во делот со опозицијата, бидејќи би сакале да имаме, барем приближно усогласување, зашто во овој процес, особено територијалната организација, и финансирањето на општините не може да се задоволат сите барања, затоа што имаме спротиставени барања. Општините и градоначалниците, бараат поголеми извори средстав, додека државата мора да води сметка и за централните функции и за централниот буџет.

Спорна беше бројката на општините. Имавме и референцуми. Дали тие ќе имаат некакво влијание во кроењето на новите општински граници?

Да, точно е дека имавме референдуми во 40 општини, во кои живеат над 220 илјади жители. Референдумот нема облигадорно дејство. Сигурно за нас има рамноправен третман и референдумот и изјаснувањето на советот на единицата на локалната самоуправа, и одредени граѓански здруженија. Ќе водиме грижа, но не можеме секое референдумско изјаснување да го прифаќаме. Тогаш би отишле во недоглед во делот на легислативата, некои сакаат да се припојат, некои не сакаат, имаме спротиставени референдуми, облигаторно не делуваат, но имаат сигурно одредена тежина во делот на крајната одлука.

Господине Гештаковски како ќе изгледа поделбата на градот Скопје? Ќе се задоволи ли желбата на ДУИ во една скопска општина Албанците да бидат мнозинство?

Со првичниот предлог, такво решение постоеше и сеуште постои. Тоа е општината Чаир, во која ќе се извршат корекции во делот на територијалното простирање, кое и до сега се простираше, тоа е делот на Визбегово, размислуваме во тој дел. Општината Чаир, како што беше и претставена пред јавноста и пред пратениците, таа е над 50 насто. Врз основа на новите решенија, на законот за локални избори, понудивме и одредени измени во Законот за локални избори. Градоначалник може да биде избран, доколку излезат една третина од вкупно запишаните избирачи, а во првиот круг, ќе биде избран оној кандидат на политичката партија што ќе добие мнозинство од излезените, што значи го упростуваме изборот во првиот круг. За градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, во расправата во парламентот имаше различен концепциски пристап, тоа е дали Скопје да биде со реони, со квартови, што застапуваа одредени претставници или Скопје да биде како другите општини. Ние во министерството, до владата го расчистивме тој дел и сметам дека законот за Скопје без територијалната организација е пуштен на расправа до градоначалниците до градот Скопје и мислам дека најдовме некое прифатливо и фунцкионално решение за клучните проблеми на градот Скопје. Од една страна како целина, за потребите на граѓаните на целото подрачје, од друга страна за дел на локалните потреби на општините. Сметам дека во консултации со градоначалниците, особено жешката тема, финансирањето, се приближуваме до одреден консензус и во делот на надлежностите. И во расправата беше особено потенциран делот на урбанизамот, донесување и спроведување на деталните урбанистички планови. Деталните урбанистички планови ќе ги донесуваат општините за своето подрачје, а пред тие да стапат на сила, треба советот на градот Скопје да даде согласност, дали тие се во согласност со генералниот урбаниситчки план и потребите. Сметам дека тоа е прифатливо решение и за градот и за општините.

ДПА за достигнување на уставната одредба од 20 насто во склоп на градот Скопје побара и припојување на неруралните општини со мнозинско албанско население?

Ние правиме функционални општини. Градот Скопје да фунцкионира во интерес на граѓаните. И она што претходно зборував не би можеле да доведуваме друг дел општини само да постигнеме над или под 20 насто. Во делот на 20 насто, уставната одредба е јасна, облигаторно е ако живеат над 20 насто жители на една заедница. Законот за локална самоуправа дава и друга можност, доколку се под 20 насто, врз основа на одлуки на Советот, може да се преименуваат целосно уставните одредби. Сметам дека таквите барања, само за употреба на јазикот, што не би довеле до функционирање на градот Скопје, бидејќи мешаме два света, целосно рурални, со различни свои интереси, кои имаат одредени права за остварување во својата локална самоуправа, како што е Сарај, Кондово, Студеничани, Арачиново, ќе го донесеме Скопје во една нефункционалност во остварувањето на тие права и сметам дека во овој предлог тие ќе останат во него како посебни општини во кои сигурно не можат да бидат разделени како приградски општини и Скопје како една општина која е опфатена со генералниот урбанистички план. Една општина приградска ќе води повеќе грижа, ќе има пристап до општите дотации, до фондовите отколку да е во Скопје. Тоа го правиме и за другите градови, во Република Македонија, каде што делиме дел на рурални и урбани општини.

Еден од законите е и законот за финансирање на општините. Како тоа ќе биде регулирано?

Мислам дека и меѓу стручњаците и меѓу пратениците и меѓу ЗЕЛС се постигна еден приближен консензус во делот на финансирањето на едниците на локалната самоуправа и во овој транзиционен период мислам дека ќе постигнеме еден стандард, на ниво на услуги кои не смееме да ги намалиме. Да им дадеме можност на општините да ги надградуваат и да останат на тоа ниво. Изворните приходи на општините мислам дека се доволни и веднаш тие ќе може да се применуваат и општините да ги наплаќаат. И тоа зависи од нив, доколку наплатат, ќе имаат поголем стандард, ќе може да вложуваат, во оние надлежности, а не како досега само да чекаат од централната власт. Тука нема дилеми. Има одредени различни мислења само во делот на дотациите, на општите дотации и зафаќањето од персоналецот и ДДВ. Би сакал да укажам дека во главниот дел на надлежности не смееме да доведеме до експерименти од делот на услуготе или постигнатото ниво, тоа образованието, социјалата и културата. Репер ќе бидат пренесените средства од 2004 година во 2005 година и тој дел сигурно го обезбедуваме строго наменски и граѓаните да не може да ги употребуваат за други намени. Или тоа би значело дека не можете еден учител во основно училиште или професор во средно училиште да примаат различни износи на плати или некои да не примаат пет месеци, а некои да примаат. Ние го гарантираме тој основен стандард на плати врз основа на законите за плати, а додека општината врз основа на сопствените изворни приходи, остварува, ги наплаќа, е побогата, стимулира локален економски развој, собира голем дел на давачките може да вложува во којашто сака област. Што значи дека општината може да наградува и да го зголемува стандардот. Но, ние не смееме да дозволиме во едно основно школо да има дрвени клупи, во друго најсовремени компјутери, бидејќи едното е во центар на Скопје, а другото во рурална општина.
XS
SM
MD
LG