Достапни линкови

Бранко Црвенковски и официјално претседател на Република Македонија


Бранко Црвенковски денеска беше инаугуриран за шеф на државава. Во своето обракање пред пратениците тој истакна дека ке биде претседател на сите државјани и оти ке се залага за целосно имплементирање на рамковниот договор

„Горд сум што на овие избори ја добив поддршката на припадниците од сите етнички заедници. Што за мене гласаа Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци. Добрите меѓуетнички односи се столбот на стабилноста на Македонија. Добрите меѓуетнички односи се предуслов за економски развој и напредок. Добрите меѓуетнички односи се и најкраткиот пат до евро и евро-атлантските интеграции. Како претседател на Република Македонија ќе се посветам на јакнење на меѓуетничката , на соживотот, на етничката и религиската толеранција. Рамковниот договор ќе биде во целост и на време спроведен.“

Приоритет за Црвенковски ке биде интеграцијата на земјава во евро-атлантските структури

„Европскиот проект е нашиот највисок стратешки приоритет. Македонија дел од обединета Европа. Македонија членка на НАТО алијансата. Тоа е нашата иднина, тоа се нашите цели. На остварувањето на тие цели сум подготвен целосно да се посветам. За остварувањето на тие цели ја барам вашата поддршка и соработка. Реализацијата на вака значаен и обемен проект, не може да биде ниту обврска, ниту ексклузивно право на само една влада, ниту пак на само една политичка опција или на еден етникум.“

Црвенковски кој зад себе има два и пол премиерски мандати и четири години опозиционерство посочи и оти Македонија ја очекуваат сериозни реформи во повеке области.

„Треба уште поенергично да ја продолжиме битката против криминалот и корупцијата. Битката за правната држава. Не очекуваат сериозни реформи во судството, образованието, здравството, јавната администрација. Ни претстои процес на создавање нов општествен вредносен систем. На нов систем на морални вредности.“

На собраниската седница не присуствуваа пратениците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и ДПА кои како што велат не го признаваат Црвенковски за претседател поради изборен фалсификат.

„Ние сепак успеавме во мерка 70 насто да ги зачуваме албанските гласови да не се крадата. Но, за жал инсистирањето од државните институции беше сепак толку големо, што сепак 30 насто од електоратот на Албанците не успеавме да ги зачуваме гласовите, и кутиите беа полнети на ригиден начин и затоа одлучивме да не присуствуваме.“

изјави Замир Дика координарор на пратеничката група на ДПА.
XS
SM
MD
LG