Достапни линкови

Инспекторите речиси и да не откриваат затајување данок


Скоро половина од бруто домашниот производ во државата го произведува сивата економија или околу 45% од се она што се создава во текот на една година не се оданочува по ниеден основ . се работи за исклучително загрижувачки показател, кој го коментира и министерот за економија Стевче Јакимовски.

„За жал и на тие што им оди добро, почнуваат да работат на црно. Тој процес се повеќе се зголемува. Почнуваат да работат така и поголеми трговски куќи и фабрики, што апсолутно е негативен тренд којшто ние треба да го запреме.“,

За ваквата состјба во добар дел кумуваат и оние кој треба да се грижат за наплата на државните давачки. Податокот вели, инспекторите од управата за јавни приходи во 75% од реализираните контроли не успеваат да најдат злоупотреби во делот на затајувањето на плаќањето на државните давачки од страна на правните субјекти, што очигледно не ја пресавува вистинската слика на теренот.

„За жал морам да констатирам дека само 25 насто од контролите имале некакви резултати. Ако споредиме со една Германија, нивните контроли, кога излегуваат на терен се со 98 насто наод, во такви услови на пазарно стопанство, какво што функционира таму,“

вели Петра Митева, директор на управата за јавни приходи. А, дека неплаќањето на државните давачки е исклучително високо, и дека инспекторите кои го прекриваат ваквото однесување на одредени бизнисмени се осуетени покажува и фактот дека на телефонскиот број кој го отвори УЈП, а на кој граѓаните пријавуваат анамолии од вакот тип досега се јавиле околу 3600 лица

„Имаме повици од сите видови, имаме и куруптивно однесување на државни службеници, непрофесионално однесување, неиздавање фискална сметка.“

Дека сивата економија во државата не ја создаваат поединци туку дека тоа е систем зборува и фактот што бизнисмените полека но сигурно почнаа и јавно да ги прокламираат добрите страни на практицирање на овој тип на економија:

„Има црни работи во тој дел, меѓутоа 90 насто тоа е начин како да се преживее,“

е ставот на Светозар Јаневски генерален директор на скопска пивара. Од управата за јавни приходи со став, поради констатираните злоупотреби во идниот период Ќе биде прекината практиката еден инспектор повеќе години да оди во контрола на еден ист правен субјект, односно одсега за секоја контрола кај дотичната фирма ќе бидат назначувани нови инспектори.
XS
SM
MD
LG