Барањето за оштета од страна на семејствата на убиените Пакистанци може да биде поднесено само доколку случајот добие судска разврска, појаснува магистар Тони Дескоски од правниот факултет во Скопје:
„Прво треба да се утврди вината на тие што тоа го сториле, дури нема правосилна пресуда против министерот и извршителите, не може да бараат ништо.“
Под претпоставка судот да утврди дека е точно она што сега се тврди можни се две разврски вели Дескоски:
„Да бараат оштета од државата Република Македонија којашто може да заврши со заемна спогодба со странките, а може да заврши и со тужба на Република Македонија, доколку одбие да им исплати некаков прифатлив надомест. Доколку дојде втората варијанта, да се тужи Република Македонија, тогаш единствено надлежен е Основниот Суд Скопје 1 од Скопје, бидејќи Репкублика Македонија има имунитет од тужби во други држави и може да биде тужена само во Република Македонија. Така што, во ниту една друга држава не може да биде тужена.“
Во меѓувреме Макеоднија со случајот раштански лозја повторно се врати на светската медимска сцена. Веднаш по отворањето на случајот
„Дојде вест од светот, во којашто како сентенца стоеше, Македонија призна дека ги уби бегалците или илигелците во Раштански лозја. И со тоа и е нанесена голем штета на државата, и тоа е она што мене ме загрижува,“
забележува пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Слободан Чашуле . Но меѓународната пракс апознава ситуации кога една држава ги признава сопствените грешки вели професорот по меќународно право денко Малевски
„Кога станува збор за случај кадешто се прекршени елементарните човекови права, и кога државите ќе признаат нешто, тогаш мислам дека добиваат во очите на светот, апсолутно добиваат во очите на светот. Нам не ни е во интерес да ја прикриваме вистината заради некој си лажен имиџ за Македонија. Нам лажни имиџи не ни требале.“
Оттаму Малевски со оценка
„Мислам дека е најбитно да се види кој е виновен за одземање на седум животи на недолжни млади луѓе и тоа е она што е битно. Кој во меѓувреме ќе добие, а кој ќе загуби, дали државата ќе загуби или не, јас мислам дека на крајот Македонија ќе добие многу, затоа што ќе каже дека во оваа земја нема да се случуваат вакви работи какви што се случиле.“