Достапни линкови

Поддршка за нападот во Фалуџа


Соединетите Држави испратија дополнителни тенкови и воени возила во Ирак за да ги подржат своите сили кои лансираа напади врз сунитското упориште во Фалуџа. Агенциите јавуваат дека Наџаф каде што се наоѓа шшитскиот радикален клерик Моктада Ал Садр и натаму е опколен од 2500 американски војници.

Командантот на маринскиот корпус генерал Џон Сатлер изјави дека командантите кои се борат со сунитските напаѓачи во Фалуџа побарале дополнителна подршка за нивните воздушни и копнени напади кои продолжија и минатата ноќ. Американскиот претседател Џорџ Буш во Вашингтон изјави дека ќе сторат се за да ги елиминираат милитантите.

„Поголемиот дел од Фалуџа се враќа во нормала. Таму се уште постојат џепови на отпорот и нашите сили и ирачаните ќе сторат се за да ја вратат безбедноста.“

Агенциите јавуваат дека американските команданти во регионот велат дека во Фалуџа има уште околу 1500 милитанти и оти постои можност тие да го предадат тешкото оружје. Генералниот секретар Кофи Анан вчера побара од Соединетите Држави да се воздржат, потврдувајки ја изјавата на специјалниот пратеник Лакдар Брахими дека насилна воена акција може само да ја влоши состојбата.

„Господин Брахими беше во право кога рече дека воена акција од окупациона сила во окупирана земја само ќе ги влоши работите. Дефинитивно сега е време да се слушне гласот на оние кои преферираат воздржаност и дијалог.“

Од друга страна, како што јавуваат агенциите, околу 2500 американски војници и натаму го држат опколен градот Наџаф каде што се наоѓа радикалниот шиитски клерик Моктада Ал Садр заштитен од неговите следбеници на таканаречената Мехди Армија.
XS
SM
MD
LG