Достапни линкови

Советот на Европа издаде европска химна


Советот на Европа неодамна издаде ЦД – со Европската Химна. Станува збор за 19 варијанти на Бетовеновата Ода на Радоста

Кога ке се спомне името на Советот на Европа луѓето обично помислуваат на Човекови права или на Демократија. Меѓутоа никому во принцип Советот на Европа на му асоцира на музика а уште повеќе на некаква модерна варијанта на ХИП – ХОП стилот. Но токму тоа во последно време и се случува на оваа европска организација. Од една идеја, намера произлезе издавање на ЦД со химната на Европската Унија „Одата на радоста“ од Лудвиг Ван Бетовен.

Одата е снимена во 19 варијанти во кои Бетовеновата Ода – Химната на Европа е снимена на ЦД – то издаено од Советот на Европа. За мотивите за овој музички потфат на Советот зборува портпаролот Алун Дрејк.

„Покрај обичните членови, сметавме и на можеби студентите и нивните потреби при изучувањето на студиите за европски прашања. Потоа и на луѓето кои би сакале да го коириста ЦД то за сопствеи забави, за невладини организации. Меѓутоа во еден случај ни беа побарани 150 копии за еден младински настан. Тоа не можевме да го направиме за да не ги оптовариме даночните обврзници.

Токму затоа, продолжува Дрејк, беше решено да се направат копии за продажба на ЦД-то на Советот на Европа. И тоа е сторено пред десетина дена. Сепак не беа сите одушевени од идејата. За британскиот министер за Европа Денис Мек Шејн тоа е напразно трошење пари. Станува збор само за 10 илјади евра, одговори портпаролот на Советот на Европа Дрејк, умешно потрошени за јавноста. За крај Европската химна, Бетовеновата Ода на Радоста во џез стил електрична гитара и пијано.
XS
SM
MD
LG