Достапни линкови

Референдум за обединување на островот


Денеска на Кипар ке биде одржан референдум за повторно обединување на островот. Според последните истражувања на јавното мислење, се очекува референдумот да успее во турскиот но не и во грчкиот дел на Кипар што ќе значи дека само меѓунродно признатиот грчки дел на Кипар на 1 мај ке влезе во Европската Унија. Унијата, во случај на неуспех, според експертите, сепак ке нема до го остави без помош и турскиот дел на Кипар.

Кипарските грци и турци денеска гласаат за реунификација на 30 години поделениот остров по воената интервенција на Турција во 1974 година. Ако било кој дел од островот излезе со референдумско – НЕ тоа ке значи дека Турската Република Северен Кипар останува надвор од Унијата во која на 1 – мај, за 8 дена, ке влезе само меѓународно призната влада на кипарските грци. Одлуката на генералниот секретар на Обединетите Нации да се распише референдум дојде откако лидерите на Северен и Јужен Кипар пред еден месец во Швајцарија не успеаа да постигнат договор за реунификација. Официјална Атина, членка на Европската Унија даде блага подршка во корист на обединувањето на полуостровот. Исламската влада на Реџеп Ердоган пак силно притиска за позитивен исход на референдумот поради намерите за членство во Унијата. За реунификација на Кипар притискаат и Европската Унија и Соединетите Држави. Во Вашингтон пред некој ден Евро комесарот за надворешна политика Хавиер Солана сметаше дека планот ке биде одбиен на референдумот. Тој ги предупреди противниците на обединувањето дека и ситуацијата во никој случај нема да остане иста.

„Доколку на крајот на денот имаме ,,ДА,, во северниот дел, а ,,НЕ,, на јужниот, животот нема да остане ист.“

Сепак истражувањата покажуваат дека оваа варијанта на денешниот референдум е најверојатна. Според Џејмс Кер Линдзи од тинк – тенк центарот сместен во грчкиот дел на Кипар проблемот, меѓу другото е и во следново.

„Кампањата за ,,ДА,, функционираше врз основа дека не треба да има кампања за планот пред тој да стане комплетен. И таа не стартуваше на 1-април. Од друга страна опонентите ја започнаа кампањата против уште од ноември 2002 година кога беше објавен првиот план на Кофи Анан. Така тие ги развија повеќе своите аргументи.“

Имено многу грци протерани од јужен Кипар по турската инвазија бараат гаранции дека ќе можат да се вратат во своите домови по реунификацијата и сметаат дека тоа не е обезбедено со Анановиот план. Џејмс Кер Линдзи пак вели дека подржувачите за обединувањето на островот велат дека во планот на Обединетите Нации постојат доволно безбедносни гаранции и оти идеално решение нема. Комесарот за проширување на Европската Унија Гинтер Ферхојген пак пред два дена ја обвини владата на кипарските грци дека го опструира обединувањето. Од друга страна, лидерите на кипарските турци се поделени. Рауф Денкташ изјави во Анкара дека планот на Анан е самоубиство и оти Турција ја жртвува Турската Република Северен Кипар поради Европската Унија. Меѓутоа, парадоксот е во тоа што токму Денкташ може да профитира доколку кипарските турци кажат Да а кипарските грци НЕ. Холандија, која од 1 мај го презема преседавањето со Европската унија најави дека кипарските турци нема да бидат оставени настрана. Би било нефер кон нив доколку се за обединувањето, велат аналитичарите кои сметаат дека некои чекори како укинување на економската и политичката изолација био можеле да бидат преземени.
XS
SM
MD
LG